fbpx

Почина новинарот Иван Андреевски

Погребот ќе се одржи на 21 јуни, во неговото родно село Доленци

-

Вчера на 77 годишна возраст, ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Веста ја соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Андреевски е роден во 1947 година во Доленци, Демирхисарско. Својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, каде работел на репортажи, документарни филмови и фељтони.

Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990 година. Бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа  и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија.

Основач е на скопската програма и утринската програма на Македонската радио-телевизија (МРТ).

Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.

Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...