Дождот засега не помогна да се изгасне ниту еден од активните 9 пожари

Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати

-

Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и крак кон Јасен, потоа кај селата Зелениград и Јамиште, кај селото Долно Барбарево и помеѓу селата Пласница и Латово.

„Дождот засега не ни помогна никаде“, велат од ЦУК.

Пожар има и на Илинска планина, потоа кај селата Смесница, Страхојадица и Градовци, како и кај селата Косел, Волино и Опеница. Активни пожари има и кај селата Вртеќица, како и кај селото Бадилен.

Под контрола пак, ставени се пожарите кај селото Негрево, потоа кај селото Пресека, кај селото Татомир, како и кај селото Грешница и селото Патетино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...