fbpx

Доделени стипендии за најдобрите студенти од Државниот универзитет во Тетово

-

Студентите при Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) кои постигнале висок просек во студирањето, денеска добија стипендии. Преку нив ослободени од плаќање партиципација за школување во оваа образовна институција се 75 студенти.

Стипендиите ги додели ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети.

– Денеска сме овде со елитните студенти, кои со нивната работа и посветеност кон образованието и знаењето го одбележуваат еден од најубавите моменти од историјата на високото образование на албанскиот и на другите јазици. Една голема заслуга за ова им припаѓа на вашите професори, кои со нивното залагање, искуство и посветеност, станале дел од вашиот успех и кариера – изјави ректорот на ДУТ, Вулнет Амети.

Денеска беа доделени стипендии за студентите од првиот циклус, кои имаат постигнато успех со просек од 9,5 и студентите кои ги имаат завршено додипломските студии со просек од 9,8, на кои универзитетот им овозможува бесплатно студирање во вториот циклус.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download lenevo firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy course download free