fbpx

Доделени првите 200 решенија за еднократен отпис на долговите

-

Најранливата категорија граѓани денеска ги добија првите 200 решенија за отпис на долгови во повеќе градови низ Македонија. Минстерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, во Велес им ги врачија решенијата на 53 лица од вкупно 1.206 барања за отпис на долговите, кои биле примени во Центарот за социјални работи во Велес.

– Комисијата за еднократен отпис интензивно работи во соработка со Mинистерството за финансии и со Министерството за труд и социјална политика и очекуваме до крајот на ноември да се заокружи целиот процес – рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Право на отпис имаа невработени лица, корисници на социјална парична помош, лица кои поради болест или смрт на близок член од семејството не можеле да ги намират обврските за електрична енергија, радиодифузија, банкарски кредити и долгови кон извршители. Поднесувањето на барања за отпис на долговите почна на 18 август, а крајниот рок беше 13 октомври. Вкупно 42.000 семејства од Македонија кои по владиниот проект за еднократен отпис на долгови имаат поднесено барање, од денеска се во исчекување на решение во кое пишува дека нивниот долг е отпишан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...