fbpx

Џафери и Арсовска се расправаат кој треба да ја коси тревата во дворот на Владата

Ако сака в.д. премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи договор, исто како и секоја друга институција во Македонија, се додава во соопштението од град Скопје

-

Тревата во дворот на Владата е неискосена и разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето е во сопственост и надлежност на градот Скопје и според обврските, „Паркови и зеленило“ како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот град, е надлежно за таа работа, одговори денеска техничкиот премиер Талат Џафери, на новинарско прашање.

„Владата ниту има предвидено средства, ниту па има можност да предвиди средства за работи кои се во надлежност на друга институција и во тој контекст, жалам што Владата изгледа така. На изборите соодветен одговор доби и иградоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, така што граѓаните гледаат, оценуваат и вреднуваат, па си го дадоа својот одговор“, кажа Џафери.

Реакција по изјавата на Џафери стаса и од град Скопје.

„В.д. премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада. Ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од в.д. премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува“, наведено е во реакцијата од градските власти.

Оттаму наведуваат дека „Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно закон.

„Ако сака в.д. премиерот Талат да ги ангажира да работат во Влада, за истото треба да си склучи договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...