fbpx

Дизелот од ноќеска поскапува за 3 денари за литар

-

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска се зголемуваат за 3 денари за литар, па така дизелот на бензинските станици од ноќеска ќе може да се набави за 96,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 93 денари за литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Инаку, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, па така, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 89 денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 91,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,686 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719% или за 6,650 $/тон, кај дизелот има зголемување во просек за 3,631% или за 38,250 $/тон, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за 3,658% или за 36,250$/тон и кај мазутот има зголемување во просек за околу 0,553% или за 3,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,8551 ден/$ и е за околу 0,843 % повисок од курсот на доларот (60,3464 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...