fbpx

Десет илјади Полјаци побараа владата да го почитува уставот

-

Во Варшава на марш излегоа повеќе од 10.000 Полјаци, кои побараа од владата да го почитува уставот.

Тоа претставува ескалација на конфликтот на полската опозиција, уставниот суд и на претставниците на ЕУ од една и на владејачките конзервативци од друга страна.

Демонстрантите со знамиња на Полска и на ЕУ во рацете извикуваа „устав“ и ја повикаа владата да ја прифати судската пресуда која е во спротивност на законските реформи што ги иницира.

Евроскептичната партија Закон и правда се соочува со сè поголеми критики од ЕУ, САД и од организациите за заштита на човековите права откако во ноември ја презеде власта и ја зајакна контролата на медиумите и на другите институции.

Полскиот уставен суд во средата ги нарече незаконски одлуките на владата за да го зголеми бројот на судиите кои се неопходни за донесување на пресуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...