fbpx

Депозитите и парите на сметките во Еуростандард банка не мора да се пријавуваат

-

Душко Тодевски, стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје денеска информираше дека физичките и правните лица што имале депозити или пари на трансакциски сметки во Еуростандард банка до денот на прогласување во стечај, не треба посебно да ги пријавуваат кај стечајниот управник. Нивните побарувања кон банката во стечај се сметаат за поднесени.

„Согласно Законот за банките, побарувањата по основ на депозит кои ги имаат од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, без оглед на износот, се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката и тие немаат обврска за нивно пријавување до стечајниот управник, согласно член 162 од Законот за банките. Под побарување по основ на депозит се подразбираат: денарските и девизните депозити, сертификатите за депозит, парични средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизни приливи на физичките лица, како и паричните средства на жиро-сметка за правни лица“, објасни Тодевски.

Тој појаснува дека при обесштетување на депозитите на физичките лица, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит.

„Согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот кои што се предмет на обесштетување како единствен депозит се намалува за износот на неговите обврски кон банката (пр. кредити, искористен лимит од картичка, даден залог на депозит, провизии, и сл.).“, објасни стечајниот управник на Еуростандард банка.

Тодевски извести дека дека сите физички и правни лица кои имаат побарувања од Банката кои што не се по основ на депозит, треба да ги пријават како побарувања од стечајната маса, по писмен пат до стечајниот управник, согласно објавата во Службен весник бр. 203/2020, односно до 7 септември. Вакви побарувања се: побарувања по основ на извршени услуги или доставени производи до банката, платени аванси по различни основи, фактури, повеќе платени надоместоци за услуги кои не се искористени или се користени помал период од оној наведен во договорот (пр. платен надоместок за користење сеф во текот на една година, а сефот се користел пократок период и други побарувања кои произлегуваат од облигационо правен однос со Банката).

За да ги пријават побарувањата, потребно е најдоцна до датумот определен во објавата, да се достави писмена пријава по пошта до стечајниот управник на следната адреса: ул. Владимир Комаров бр. 40/8, Скопје, објавена во огласот. Кон пријавата потребно е да се достават писмени докази за побарувањето.

Во пријавата, доверителите се должни да наведат:

1) назив, седиште, единствен матичен број и единствен даночен број на правните лица, име и презиме, адреса и единствен матичен број за физичките лица;

2) назив на носителот на платен промет кај кој доверителот има сметка и број на сметката;

3) правниот основ на побарувањето;

4) износ на побарувањето и тоа посебно износ на главното побарување со пресметана камата до денот на отворање на стечајната постапка и:

5) одредено барање на доверителот согласно со одредбите од Законот за парнична постапка за содржина на тужба.

Во однос на начинот на измирување на обврските кои физичките и правните лица ги имааат спрема Банката по било кој основ, клиентите во наредниот период ќе бидат контактирани од овластено лице од Банката.

Во врска со примопредавањето на предметите / стварите коишто се во граѓанските сефови на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, клиентите ќе бидат контактирани во текот на следните дваесет дена од овластено лице од Банката, за терминот кога имателот на сеф ќе биде потребно да дојде во просториите на Банката за отворање на сефот и подигнување на предметите. Притоа, имателот на сеф ќе треба да дојде лично, да се идентификува со важечки документ за лична идентификација и клуч од сефот. Сефот не може да се отвори без присуство на клиентот кој го користел, објаснува стечајниот управник на Еуростандард банка, Душко Тодевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...