Времето во Македонија денеска ќе биде многу топло, со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и на планините, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР).
Температурата во голем дел од земјата ќе надмине 30 Целзиусови степени, а најтопло се очекува да биде на крајниот југоисток на земјава, со 34 степени. Температура поголема од 30 степени ќе има и во Повардарието, а во Скопје се очекува термометрите да забележат до 32 степени.
Регионот на Охридско Езеро го очекува температура до 27 Целзиусови степени, а најниска температура ќе биде забележана во Мавровско-Реканскиот Регион со најмногу 24 степени. Два степени повисока максимална температура се очекува во Малешевијата.
Слично време, но со малку пониска температура од денеска, се очекува и утре. Попладнето ќе има услови за краткотраен дожд, но само во планинските подрачја.
Од понеделник се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а в среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура, вели прогнозата на УХМР.