fbpx

Денеска три комисиски седници во Собрание

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство и за транспорт, врски и екологија.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледа предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање, и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за хемикалии, во второ читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и во железничкиот сообраќај и на Законот за јавните патишта, во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...