fbpx

Денеска протест за оставка на премиерот Никола Груевски

-

Денеска во 18 часот, пред Владата, ќе почне маршот „Ука, бука, оди си Никола“. Протестниот марш кој го организираат „Граѓаните за Македонија“, треба да заврши пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски.

„Никола Груевски девет години владее со Македонија, притоа остварувајќи низа кривични дела и низа политички и нечовечки злодела. Земете тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава и заедно да се упатиме пред домот на Никола, за да чуе и конечно да разбере дека мора да си оди“, пишува во покана за настанот на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во објаснувањето зошто се бара оставка од премиерот, пишува: „Девет години власт, 54 кривични дела, 30 кривични пријави, злосторничко здружување и перење пари, неовластено прислушување и тонско снимање, злоупотреба на службена положба и овластување, мачење и друго сурово, нечовечно и понижувачко постапување и казнување, прикривање кривично дело или сторител во врска со убиство, повреда на избирачко право, повреда на слободата на определување на избирачите, давање и примање поткуп“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...