fbpx

„Денеска градот остана само во нашите срца“ – Зеленски признал дека Бахмут е изгубен?

Од американскиот Институт за проучување на војната велат дека не можат да го потврдат тврдењето на Вагнер дека Русите извојувале победа во украинскиот град

-

Ројтерс објави дека се чини оти Володимир Зеленски денеска потврдил дека Русите го зазеле украинскиот град Бахмут, пишува Гардијан. На прашањето дали Кијив го контролира градот, Зеленски одговорил: „мислам дека не“.

„Денеска градот остана само во нашите срца“, додал украинскиот претседател.

Но, во меѓувреме, од американскиот Институт за проучување на војната велат дека не можат да го потврдат тврдењето на Вагнер дека Русите извојувале победа во украинскиот град.

Во својот редовен извештај, тие велат дека немаат „геолокациски снимки кои ги потврдуваат тврдењата на Пригожин“, и додаваат оти прават проценка дали освојувањето на останатиот дел од градот сепак е навистина тактички важно.

„Победата на Пригожин во преостанатите области во Бахмут е чисто симболична, дури и ако е вистинита. Последните неколку урбани блокови во источен Бахмут за кои Пригожин тврдеше дека силите на групата Вагнер ги зазеле не се тактички или оперативно значајни“, се вели во извештајот.

„Нивното заземење не им дава на руските сили оперативно значаен терен за да продолжат со офанзивните операции или некоја особено силна позиција од која ќе се бранат од можни украински контранапади“, се додава понатаму.

Инаку, денеска во Хирошима, како дел од Самитот на најразвиените земји Г7, Влодимир Зеленски се среќава со американскиот претседател Џо Бајден.

Шефот на украинската држава објави фотографии од средбата на Телеграм, пренесува Укринформ.

Украинскиот Генералштаб во меѓувреме соопшти дека битката за Бахмут продолжува, објави Кијив индепендент.

„Битката за Бахмут не запира, додека руските сили продолжуваат со офанзивните операции за заземање на целиот град“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Портпаролот на Зеленски негира дека тој признал дека Бахмут паднал. Во објава на Фејсбук, Сергеј Никифоров појасни дека одговорот на Зеленски, „Мислам дека не“ е одговор на новинарско прашање дали руските сили го зазеле Бахмут, а не дали Украина сè уште го контролира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...