Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19 од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 17 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.

Во изминатово деноноќие 3 лица починале од ковид-19 од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г). Сите пријавени се починати во болнички  услови.

Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.