fbpx

Делегација предводена од Заев ќе учествува на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон

-

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на нашата земја во чиј состав се и министрите Радмила Шекеринскa, Бујар Османи и Никола Димитров, на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември, со кој одбележува 70 годишнината од постоењето на Алијансата.

Централно место во програмата е Состанокот на Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или на влади во среда на 4 декември, на кој ќе учествува и Заев, со што Македонија ќе биде претставена на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата, откако во февруари оваа година беше потпишан Протоколот за членство во Алијансата што досега го ратификуваа 28 членки на НАТО.

„Со учеството на состанокот на лидерите на земјите членки, Македонија ја потврдува определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќната воена и политичка алијанса заснована на демократски вредности, како основа за заеднички просперитет и за напредок на земјите членки. Скорешното полноправно членство во НАТО е реализација на стратешката цел на нашата земја зацртана со консензус во 1993 година и овозможува идеални услови за зајакнат и забрзан економски развој“, се вели во соопштението на Влада.

Премиерот Заев утре (вторник, 3 декември), ќе учествува и на панелот „Разговори – Одбрана и превенција за новата ера“, во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“. Покрај премиерот Заев на панелот говорник е и претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

Заев и членовите на делегацијата на Владата, за време на дводневниот самит на НАТО во Лондон ќе остварат и повеќе билатерални средби.

Премиерот е поканет и на прием кај Кралицата Елизабета во Бакингемската палата, што се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО, како и на вечера за шефовите на држави и/или влади што ја приредува премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...