Делегацијата на ЕУ ги повика телевизиите, операторите и владата да најдат одржливо решение на спорот

-

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повикува владата, телевизиските станици и кабелските оператори во земјава да преговараат и да изнајдат одржливо решение за спорот којшто може да доведе до прекин на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали од страна на операторите во земјава.

Делегацијата на ЕУ потсетува дека постигнатиот договор треба да ја почитува важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и пристапот до информации за сите граѓани. Притоа, одржливото решение треба да биде прифатливо за сите оператори на пазарот и да осигура имплементација на правата на интелектуална сопственост.

„Делегацијата на ЕУ е подготвена да обезбеди дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и осигурување на сеопфатен и конзистентен збир на правила за медиумскиот сектор за сите релевантни чинители“, се наведува во испратеното соопштение од нивна страна.

Операторите се заканија дека на 2 март на полноќ ќе прекинат со реемитување на сите домашни и странски телевизиски канали, доколку не се изнајде решение за усвоените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесени на 16 февруари. Тие сметаат дека донесените законски измени се неприфатливи, бидејќи самиот закон е неспроведлив и самите оператори не можат да гарантираат за тоа дали се регулирани авторските права на програмата што се емитува од страна на домашните и странски телевизиски канали.

Од друга страна, телевизиските куќи ги поддржаа законските измени, потенцирајќи дека операторите реемитуваат телевизиски канали без регулирани авторски права за нашата земја. На тој начин, домашните телевизии се оштетени, бидејќи на некои од странските канали се емитуваат серии, музичко-забавни програми, филмови и спортски настани за кои овдешните медиумски куќи платиле за да ги откупат авторските права за нивно емитување на територијата на нашата земја.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација,...

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина на местото...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина...