fbpx

ЦИВИЛ со солидарност, сочувство и добредојде за граѓанките и граѓаните од Авганистан

-

ЦИВИЛ – Центар за слобода соопшти дека им изразува целосна солидарност, сочувство и добредојде на граѓанките и граѓаните од Авганистан, вработени во граѓанскиот сектор, сојузничките мисии, медиумски и други организации и нивните семејства, кои пристигнаа во нашата земја.

„Овие мирољубиви граѓанки и граѓани на Авганистан беа принудени да ја напуштат нивната татковина под сериозни закани по нивните животи од страна на талибанскиот режим и терор. Наша должност како дел од едно демократско и хумано општество, а пред сè, како луѓе, е да им овозможиме на нашите колеги и сојузници во борбата за демократија и унапредување човековите права да се чувствуваат добредојдено и да ги поминат што е полесно можно овие тешки мигови за нив и нивните семејства,“ се вели во соопштението.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани на нашата земја, без оглед на нивната припадност и политички определби, да се приклучат кон овој повик за солидарност и поддршка на цивилите од Авганистан и да сторат сè што е во нивна моќ да ја искажат својата солидарност и да им посакаат добредојде во нашата земја.

„Ова е неповторлива можност, да ја покажеме нашата доблест и човечност, во овие тешки времиња.Се работи за наши колешки и колеги, лидери во заедниците и општеството кое се соочува со тешки предизвици за демократијата, мирот и почитувањето на основните човекови права и слободи. Заедно, можеме да им помогнеме да ги надминат овие тешки мигови за нив и нивните семејства,“ се додава во соопштението

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...