fbpx

Порталб: Се фрла мебел во реката Пена, Општина Тетово сé уште без мерки за справување со отпадот

-

Коритото на реката Пена во Тетово е полно со отпадоци. Покрај отпадот од домаќинствата, несовесни граѓани во реката фрлаат и градежен отпад, мебел и што ли уште не! И покрај ветувањата на локалните власти, реката и понатаму е полна со отпад, додека жителите на населбата „Дарданија“ се плашат да не се повторат поплавите од 2015 година бидејќи страничните делови од коритото не се поправени, пишува Порталб.мк.

Регулирањето на коритото на реката Пена е едно од неисполнетите ветувања на актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, чиј мандат завршува за околу еден и пол месец. Запрашана за неисполнувањето на ветувањето, во интервју за Клан Македонија, Арифи во јуни рече дека работата ќе започне летово. На прашањето зошто толку доцна, на крајот од нејзиниот мандат, Арифи истакна дека процедурите за работа и буџетирање на еден проект се долги.

Имаме проект вреден над 40 милиони денари за регулирање на коритото на реката од просторот над Горна чаршија до населбата „Дарданија“, каде што воопшто нема корито. По две недели на ред е потпишување со ТАВ и пo ова ќе се започне со изведување на работите, рече Арифи на 21 јуни.

Владата на Северна Македонија на 6 јули 2021 година ги одобри проектите и подготви договори за нивна имплементација според програмата за користење на средствата од ТАВ, но во коритото на реката Пена во моментов не е преземена ниту една конкретна мерка, а состојбата е дури влошена.

Запрашана пред четири дена зошто работите за ова ветување сè уште не се започнати, градоначалничката на Тетово рече дека овој проект ќе почне да се реализира многу скоро.

Тоа е исто така проект што планираме да го започнеме наскоро, на ист начин ќе ви јавиме и ќе го започнеме, рече Теута Арифи на прес-конференција.

Ситуацијата во реката Пена, од последниот пат кога Порталб.мк известуваше за овој проблем е влошена уште повеќе, при што во реката може да се види секаков вид отпад, вклучително и мебел потопен под вода.

Нерегулираноста на делови на реката „Пена“, како и нередовното чистење на коритото, ги загрижува жителите на населбата „Дарданија“. Проблемот веќе неколку години останува нерешен.

Јусуф Мустафаи, жител на населбата „Дарданија“ рече дека во текот на овој летен период ништо не е направено во врска со коритото на реката.

Од вашето последно известување за состојбата на реката „Пена“ во нејзиниот тек при излез од градот, жалбите и барањата на жителите до надлежните органи на општината, и покрај фактот што Владата на РСМ додели буџет од дивиденди на ТАВ специјално наменети за регулирање на коритото на реката Пена во овој дел од нејзиниот тек и ветувањето на градоначалничката дека ќе ги започне работите, до денес не е преземено ништо конкретно, рече Јусуф Мустафаи.

Жителите апелираат ова да се реши што е можно поскоро, според нив, со доаѓањето на есента се очекуваат врнежи од дожд, што го зголемуваат водостојот на реката, и тоа претставува потенцијален ризик од истекување на вода од коритото и можни поплави како во 2015 година.

Но Општина Тетово ги обвинува жителите за загадување на реката. На прашањето на Порталб.мк упатено до Општината зошто коритото на реката не се чисти редовно, имајќи предвид дека брзо се полни и зошто бреговите на реката не се чисти, од Општината велат дека ја чистат реката, но дека неодговорните жители ја загадуваат.

Секоја година има постапка за јавна набавка каде се распределуваат средства за чистење на речното корито. Сепак, на жителите им е јасно дека загадувањето на реката не доаѓа од општинските власти, туку од неодговорни жители кои фрлаат инертен, градежни шут во тој дел од коритото на реката, одговорија од Општина Тетово.

Во однос на регулирањето на страничните sидови на реката како што се направи во близина на болницата, од Општината не дадоа никаков одговор.

Потсетуваме, Општина Тетово двапати одвои средства за чистење на речното корито.

Во декември, Општина Тетово плати 32.000 евра за чистење на коритото на реката. Иако Општина Тетово рекоа дека чистењето е завршено, камерата на новинарот на Порталб.мк и жителите го докажа спротивното. Потоа, во март, Општина Тетово повторно потпиша договор во вредност од 32.000 евра со компанијата „Еуро Инвест-инг“ за чистење на речните корита во Тетово и околината.

И покрај фактот што Порталб.мк постојано пишува за ова прашање, Општина Тетово и Инспекторатот за животна средина сé уште не се излезени со стратегија за овој проблем. Порталб.мк со години пишува за феноменот на пронаоѓање на лицата кои ги фрлаат отпадоците во Тетово. Граѓаните пријавуваат на „E-report” („Е-извештај“) бидејќи бројот објавен на веб-страницата на Општината (0800-55-043) за пријавување на овие случаи, е нефункционален.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...