fbpx

Честит 11 Октомври, се одбележува 81 година од почетокот на Народноослободителната борба

-

Со положување цвеќе пред Спомен костурницата во Куманово почна централната манифестација за одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание која годинава се одржува под мотото „Секогаш на вистинската страна“.

Цвеќе положија владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, претставници од Собранието, Кабинетот на претседателот на државата, Министерството за одбрана, Оштина Куманово и Сојузот на борци.

„Денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та, нашите херои, борците од НОБ, храбро и обединето ја избраа вистинската страна, страната на слободата, на правдата, на целокупното прогресивно човештво, на напредокот и конечно се изборија за слободарскиот идеал и мир. Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни, порача Ковачевски во честитката што ја упати до јавностаа.

Празникот го честиташе и претседателот Стево Пендаровски велејќи дека денес после 81 година од почетокот на антифашистичката борба која ни донесе слобода и македонска држава, заедно со целото човештво сме исправени пред нови искушенија.

„Покрај сите здравствени, економски, безбедносни и енергетски проблеми, ние се сочуваме и со длабока поделеност во македонското општество. Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници, еснафи и поимотни, така и сега треба да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите. 11 октомври и антифашистичката борба нека ни бидат инспирација за надминување на поделбите и национално помирување преку меѓусебна почит. Да ги оставиме личните интереси и суетите на страна и да работиме за општото добро, благословени со можноста да живееме во слобода и мир, во сопствена држава. Нека е честит и вековит празникот“, рече Пендаровски во честитката.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...