Целодневен џез хепенинг во „Ибни Пајко“: Today It’s All about Jazz Vol.7

Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок

Фото: ЗЏМ

По повод Меѓународниот ден на џезот, денес со почеток во 11 часот Здружението на џез музичари, ЗЏМ Скопје ќе се одржи седмото издание на целодневниот џез хепенинг под наслов „Today It’s All About Jazz“, организиран од страна на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот во паркот „Ибни Пајко“, по повод 30 април – Меѓународниот ден на џезот.

Како што најавуваат од ЗЏМ Скопје, програмата ќе започне со џез за деца и млади, па потоа ќе следува Квартет – Акварела, Никола Бочваров – Квартет, Филип Динев Трио – Филиp Динев/Тилман Обербек/Јан Цајмец, ЗЏМ Биг Бенд – Проект Запа, Јуре Пукл Орган трио – Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит и Адедџи “Јорува Одисеја”.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.

Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО, и на Обединетите нации.

Здружението на џез музичари, ЗЏМ Скопје, по 7ми пат ја организира централниот настан кој го одбележува Меѓународниот ден на џезот во земјава, за што има и официјална потврда и благодарница од самиот Херби Хенког.