fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Наместо стандардизирано депонирање на отпад, во полошко со децении се создаваат диви депонии

Во последниот Извештај на Европската комисија, во Поглавјето 27 – делот за управување со отпад, меѓу другото стои дека слабите административни капацитети, ниската примена и ограничената меѓусекторска соработка остануваат главна пречка за напредок во овој сектор. Воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад...

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои...

Контраспин: Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности

Спин е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не обезбедила ниски цени на гасот, за разлика од „сите влади во регионот и светот“. Цената на природниот гас од увоз многу малку зависи од владините преговарачки способности, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во...

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали...

Дезинформациските бури во Македонија придонесоа кон дополнителна поларизација на општеството

Локалните прокси за дезинформации градат наративи, истовремено искористувајќи ја идејата за веќе постоечки идентитетски врски, заедничка историја и безусловна руска политичка поддршка со текот на времето. Тие ја замаглуваат границата помеѓу коментарите и фактите, со што се предизвикува недоверба во изворите на фактички информации...

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот...

Вистиномер: Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

Насловот што се споделува во постот на Фејсбук креира погрешна слика дека единствениот услов за добивање на финансиска стимулација е некој да се врати во Хрватска. Што не е точно. Хрватската влада неодамна предложи нови демографски мерки наречени „Ја избирам Хрватска“. Со нив се...

Вистиномер: Стоилковски со право укажува на прекршување на Законот за високо образование

Изјавата на портпаролот Стоилковски е поткрепена со посочување на конкретен член од Законот за високо образование, во кое се наведува неспојливоста на функцијата декан со политичка функција, заради што неговото изнесено тврдење го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Портпаролот на...

Вистиномер: Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за ветување дадено во изборниот циклус од сегашната градоначалничка на Скопје: Ветување: Во првите 82 дена од мојот мандат преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акционен план ќе ги исчистиме дивите депонии...

Вистиномер: Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба

Жилава или килава борба против корупцијата. Владата неколку години ветува набавка на софтвер во ДКСК, но, тој до денес не е набавен. Недостасува и вмрежувањето со базите на 23 институции од каде може да се користат податоци и документи. Покрај тоа, Комисијата функционира со...

Контраспин: Кредибилитетот и легитимитетот на Ковачевски произлегуваат од Собранието

Спин е тврдењето дека кредибилитет и легитимитет на еден политичар од извршната власт мора да произлезе само доколку тој директно учествувал во изборен процес, исто како што е спин дека идниот премиер Димитар Ковачевски ќе разговара/преговара за идентитетот на македонскиот народ, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Имаше пренос во живо од судењето на Новак Ѓоковиќ во Австралија

Наспроти она што се тврди во постот кој го рецензираме, судењето во живо беше одржано. Поради големиот интерес на светската јавност за овој случај, австралискиот федерален суд реши да го емитува судењето во живо. Сите часови од долгото судење може да се погледнат на...

Вистиномер: Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во...

Вистиномер: Не е точно дека ЈСП го поскапе превозот – воведен е само нов тип дневен билет од 120 денари

Билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како...

Вистиномер: Граѓаните сè помалку им веруваат на институциите, на судството најмалку

Во изминатата 2021 година граѓаните покажаа голема недоверба во демократските институции, но и во други чинители во политичкиот живот на државата. Тоа, пак, придонесе кон верување на граѓаните во разни теории на заговор што се шират на социјалните мрежи и кои потенцијално може да...

Над 80 организации го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите

Повеќе од 80 организации за проверка на факти од светот го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите коишто се шират преку видео содржините прикачени на оваа онлајн платформа. Глобалната коалиција на организации за проверка на факти посочува дека Јутјуб е главниот канал...

Вистиномер: Пет најпопуларни надрилекарства против ковид-19 во 2021 година

Photo: Couleur/Pixabay
Во текот на пандемијата со ковид-19 социјалните мрежи беа преплавени со понуди за разни надрилекарства, третмани и „бабини деветини” за  лекување на заразата. Некогаш овие „лекарства“ се користеа за да се промовира превенција од коронавирусот, а некогаш за да им се каже на граѓаните...

Вистиномер: Партиите го бојкотираат носењето на законот за висока државна служба

Центарот за управување со промени заедно со Министерството за информатичко општество уште пред 3 години поднесоа Закон за висока државна служба. Со овој закон требаше на транспарентен начин да се избираат директори на јавни претпријатија и членови на одбори, комисии и други органи со...

Вистиномер: Со вакцината не ви се менува геномот и не станувате плен на „трансхуманистичка агенда“

Пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на една дезинформација што беше објавена на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделено видео од руски владика, кој, пак, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“. Тој додава и дека светските лидери марширале под знамето...

Вистиномер: Снимка од Русија, претставена како да е од Света Гора и како да ја прикажува Богородица

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на една дезинформација што се рашири преку Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека неверојатна снимка од Света Гора покажува дека се појавила Богородица. Според описот во текстот, видеото е снимено на планината Атос и го...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...