Вистиномер: Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

-

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за ветување дадено во изборниот циклус од сегашната градоначалничка на Скопје:

Ветување: Во првите 82 дена од мојот мандат преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акционен план ќе ги исчистиме дивите депонии во градот. Ќе го промениме линискиот ред на градскиот сообраќај, а редовни ноќни линии ќе бидат воведени, посебно за време на викендот, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје во својата предизборна кампања. 

[Извор: МИА, изјава на Данела Арсовска; Датум: 15.10. 2021 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Два дена пред  локалните избори кои се одржаа на 17 октомври 2021 година, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, а во тоа време кандидат за оваа функција, вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе се вратат во сообраќај редовни ноќни линии на ЈСП, особено за време на викендот.

Арсовска тоа го напиша и во објава на Фејсбук:

Воведување редовни ноќни линии на автобускиот превоз посебно за време на викендот.

 

На 28 декември 2021 година, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, објави официјално соопштение во кое посочува дека од овој датум во функција се враќаат ноќните линии.

Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека од денеска, вторник (28.12.2021 год) почнуваат да функционираат ноќните линии и тоа: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на градот пред две години.  Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65В, ќе сообраќаат секој ден, а останатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците, објавија од ЈСП Скопје.

Прегледот на возниот ред и трасите на линиите е достапен на веб-страницата ЈСП, во делот ВОЗЕН РЕД/НОЌНИ ЛИНИИ.

Инаку, во минатото ЈСП повеќепати ги повлекуваше ноќните линии од сообраќај поради тоа што имаа многу слаба искористеност и носеа загуби за претпријатието. Економската неисплатливост беше посочувана како причина за нивното укинување, а низ годините тие повремено функционираа само за манифестации како Бела ноќ, кога во центарот на Скопје имаше поголема фреквенција на граѓани.

Со оглед на тоа што од 28 декември ноќните линии се вратени во функција – автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65В, ќе сообраќаат секој ден, а останатите во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците, ветувањето на Арсовска го оценуваме како исполнето.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...