fbpx
Свет Страница 783

Свет

Шпанија: Запленети 600 килограми кокаин на јахта

Шестотини килограми кокаин се запленети на чешка јахта во водите на Атлантски Океан, соопшти шпанската полиција. Дрогата е запленета на 830 километри југозападно од Канарски Острови. Четворицата членови на екипажот се уапсени откако полицијата, при претрес на бродот, пронашла херметички затворен контејнер во еден од бродските резервоари...

Се пријавиле 128 потенцијални купувачи на државните медиуми во Србија

Вкупно 128 потенцијални купувачи се пријавиле за 55 од вкупно 84 медиумски куќи кои теба да се приватизираат до крајот на идната година. Владата на Србија пред неколку месеци ги усвои трите закони за медиуми, со кои се предвидува приватизација на државните медиуми во средината...

Повеќе од 200 лица уапсени во Варшава

Најмалку 215 луѓе беа уапсени по судирите што избувнаа во Варшава кога полски националисти излегле на улиците за да го одбележат Националниот ден на независноста на земјата. Ситуацијата се вжештила кога протестантите почнале со камења да фрлаат на полицијата, која возвратила со водени топови. Полските...

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген. - Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС,...

(ВИДЕО) Хаваи: Лава од вулканот Килауе ја голтна првата куќа

Река лава, која со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоа, ја уништи првата куќа, јавува „Би-Би-Си“. - Вулканската лава запали куќа во градот Пахоа на Големиот остров. Куќата, за среќа, била празна и горела 45 минути - соопшти шефот на цивилната одбрана, Дерил Оливер. Лавата која ја...

Словенија се подготвува да ја признае Палестина

Одборот за надворешна политика на словенечкиот парламент наскоро ќе расправа за иницијативата Словенија да ја признае независноста на палестинската држава, а сега за тоа се залагаат две партии на левицата. Партијата Здружена левица (ЗЛ), која во парламентот има пет претставници, во вторникот побара итно свикување...

Рама: Сакаме „голема Европа“, а не „голема Албанија“

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за „Б92“ вели дека „голема Албанија“ е мит за кој не се залага ниту еден албански политичар. - Нашиот проект е „голема Европа“ со Србија и со Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас....

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Иран

Руската државна компанија „Росатом“ ќе изгради два нови нуклеарни реактори во рамките на иранската нуклеарка „Бушер“, јавуваат светските медиуми. Претставниците на Русија и на Иран денеска во Москва го потпишаа договорот за соработка, во кој освен изградбата на двата реактори, се наведува дека руските експерти...

Европскиот суд пресуди: Нема социјална помош за секого

Европскиот суд за правда во Луксембург денеска објави пресуда со која невработени европски граѓани нема повеќе да можат да уживаат социјална помош во земја-членка на Европска Унија каде немаат работен стаж или не бараат активно работа. Одлуката е донесена откако германски суд одбил да ѝ даде...

Шешељ ќе се обрати на митингот во Белград

Потпретседателот на Српската радикална странка, Зоран Красиќ, соопшти дека Воилсав Шешењ ќе се обрати на митингот закажан за сабота на белградскиот Плоштад на Републиката. Како што наведе потпретседателот на СРС, сè уште не се знае за што ќе зборува Шешељ. Митингот е закажан за 15...

Поштата на САД, мета на хакерски напад

Со хакерскиот напад загрозени се податоците на половина милион вработени
Поштата на Соединетите Американски Држави соопшти дека била на удар на сајбер-напад и дека е можно да се загрозени податоците на околу половина милион нивни вработени и на клиентите со кои контактирал повикувачкиот центар од јануари до средина на август. Поштата на САД соработува со...

(ВИДЕО) Припадниците на ИСИС бегаат од Беиџи

Ирачката војска ги принудила џихадистите на Исламска држава да се повлечат од центарот на градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата ирачка рафинерија за нафта. Командантот на воените сили во Беиџи, генерал Абдул Вајаб ал-Сади, изјави дека воените единици ги зазеле зградите на локалната влада...

Јацењук победи на изборите во Украина

Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук победи на парламентарните избори во Украина, освојувајќи 22,14 отсто од гласовите. Украинската Централна изборна комисија синоќа ги соопшти конечните резултати, откако ги избори сите гласови. Блок на Петро Порошенко освои 21,81 отсто од гласовите, јави ИТАР-ТАСС. Партијата Самопомош, на градоначалникот...

(ВИДЕО) Пакистан: 58 загинати при судир меѓу автобус и камион

Педесет и осум лица загинаа, од кои 18 деца, при судир на автобус и на камион на автопат на југот во Пакистан, соопшти локалната полиција. Како што соопшти портпаролот на полицијата, Гулам Џокио, причина за сообраќајката била густата магла. Автобусот со 70 патници се движел од...

Осум Индијки починаа при масовна стерилизација

Осум жени починаа, а десет се во критична состојба во индиската држава Чатисгар, по спроведувањето на државната програма за масовна стерилизација. Повеќето од 80 жени кои подлегнале на стерилизација во владиниот камп во областа Биласпур, набргу почнале да повраќаат, да им опаѓа пулсот и да...

Еди Рама во Прешево, пречекан со билборди и со знамиња

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе ги посети општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Мерките за безбедност се на високо ниво. За пречекот на Рама во Прешево поставени се и билборди „Добредојде, премиере“ и фотографии со неговиот лик, пренесе српски „Блиц“. Билбордите ги поставила Општина Прешево каде живее...

Јужна Кореја: Капетанот на потонатиот траект, осуден на 36 години затвор

Капетанот на потонатиот јужнокорејски траект, во кој починаа повеќе од 300 патници, е осуден на 36 години затвор поради небрежност, но е ослободен е обвинението за убиство, за кое обвинителството побара смртна казна. Главниот инженер на траектот е осуден на 30 години затвор за убиство...

Убиен новинар на водечки магазин во Перу

Две непознати лице во неделата навечер убиле новинар на водечкиот перуански магазин „Каретас“, кој истражувал нарачани убиствата во провинциски град јужно од Лима. Уредникот на магазинот „Каретас“, Америко Замбрано, соопшти дека 22-годишниот Фернандо Рајмонди е убиен во бакалницата на својот татко во градот Канете. Убијците му...

Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја предупреди Русија дека ќе сноци последици поради влезот на руски тенкови, тешка артилерија и на воени камиони во Донецк, Источна Украина. Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнал дека „ако Русија продолжи свесно да ја...

Путин и Обама разговараа за Украина, Сирија и за Иран

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, на маргините на самитот АПЕК во Пекинг, разговараа за билатералните односи, како и на темите Украина, Сирија и Иран, соопшти денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков. Како што јавува агенцијата ИТАР-ТАСС, двајцата лидери ги...

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...