fbpx

Словенија се подготвува да ја признае Палестина

-

Одборот за надворешна политика на словенечкиот парламент наскоро ќе расправа за иницијативата Словенија да ја признае независноста на палестинската држава, а сега за тоа се залагаат две партии на левицата.

Партијата Здружена левица (ЗЛ), која во парламентот има пет претставници, во вторникот побара итно свикување седница на одборот за надворешна политика за признавање на Палестина.

– Словенија веќе со години се двоуми во поглед на решавањето на кризата на Блискиот Исток и заостанува зад меѓународната заедница. Вистинско време е да заземе проактивен став, а за признавање на Палестина како независна држава се исполнети сите услови – рече Мајет Ватовец од ЗЛ.

Партијата Социјални демократите (СД), која е дел од владината коалиција, исто така смета дека е време Словенија да ја признае палестинската државност.

– Жалиме што тоа не се случи порано – изјави за Словенечката новинска агенција СТА, Матјаж Немец од СД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...