fbpx
Македонија Страница 1952

Македонија

Заев ќе почнел да ја објавува „бомбата“, доказите му биле од службите во Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на прес-конференција најави дека наредниве денови ќе почне да објавува делови од „бомбата“. Заев денеска беше во центарот на вниманието на јавноста по полициската акција „Пуч“, во која  осомничен е тој, заедно со Зоран Верушевски и со уште две лица, а...

Полицијата не дозволи протестот да дојде до седиштето на СДСМ

Полицијата не ѝ дозволи на групата граѓани насобрани во паркот „Жена-борец“ по повикот на социјалните мрежи, да дојде до седиштето на СДСМ, каде, исто така, има стотина симпатизери на партијата кај кои можат да се забележат и „реквизити“ како дрвени прачки, стапови и факели. Се очекува...

„Уа, Заев“ на собирот во паркот „Жена-борец“

Околу 300 до 500 луѓе се собрани во паркот „Жена-борец“ и околу Порта „Македонија“ по повикот кој се појави на социјалните мрежи по акцијата „Пуч“ на МВР, во која претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е осомничен за обид за недемократско преземање на власта. Нема...

МВР објави видеоснимка од акцијата „Пуч“

„Министерството за внатрешни работи првпат во историјата на независна Македонија реализираше случај во кој е сузбиен обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните. Според досега прибавените докази во рамки на оперативната обработка „Пуч“,...

Заев: Вистината ќе излезе на виделина

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, против кој денеска беше поднесена кривична пријава за шпионажа и за насилство врз највисоките државни органи, изјави дека ова што сега се случува е само почеток на слободата во Македонија. -  Само сакам да кажам: охрабрете се граѓани сите и...

Повик на интернет за собир „за обединување против внатрешните непријатели“

По денешното обраќање на премиерот Никола Груевски во Владата, на социјалните мрежи се појави фотографија од сонцето на Вергина на која пишува „Да се обединиме против внатрешните непријатели! Да го искажеме нашиот револт! Ова мора да престане!“ Како локација на настанот е напишан паркот  „Жена-борец“,...

Заев: Ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Радио Слободна Европа“ вели дека кривичната пријава против него поради сомнеж за „загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта“ е само „дрзок и безобразен обид на власта да го спречи објавувањето на докази и на...

Заев го предаде пасошот во скопскиот Кривичен суд

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, еден од четворицата осомничени во случајот „Пуч“, денеска попладне го предаде својот пасош во Основниот суд Скопје 1. Како што информираа од судот за „Мета“, судија на претходна постапка на осомничениот Заев му одредил превентивна мерка, одземен му е пасошот,...

Груевски: Не прифаќам закани, местенки и уцени

Ќе слушате разни шпекуации, но за сè што е кажано од наша страна, ќе има цвсти докази во текот на судската постапка, истакна на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски. - Од септември до ноември 2014 година, имав четири средби со лидерот на опозицијата, Зоран Заев....

Заев: Забеган обид на власта да ги спречи „бомбите“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека акцијата „Пуч“, во која полицијата го сомничи за наводно недемократско преземање на власта, не е ништо освен забеган обид на власта да ги спречи таканаречените бобми кои СДСМ подолго време ги најавува, пренесе „Нова ТВ“. - Ова не...

На Заев ќе му биде одземен пасошот?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема да биде приведен, туку, како мерка, ќе му биде одземен пасошот, неофицијално се дознава од Јавното обвинителство. Во полициската акција „Пуч“, осомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски, уапсен пред две недели, и...

Кривична пријава за шпионажа за Зоран Заев

Во полициската акција „Пуч“, осомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски, кој е уапсен пред две недели, и со уште две лица, се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на...

СОНК јавно го повика министерот Адеми на средба

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, преку јавна покана го кани министерот за образование, Абдилаќим Адеми, утре да дојде на седницата на Советот на Синдикатот, пишува „Радио Слободна Европа“. Во повикот се вели дека на ваков чекор се одлучиле оти досега многупати му биле испраќани...

Нè очекува дожд и силен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд и на планините од снег. Особено обилни врнежите ќе бидат во јужните и во западните делови од земјава, каде локално повторно ќе наврнат повеќе од 40 литри на еден квадратен...

Новинарските здруженија се шокирани од одлуката на Обвинителството за Кежаровски

По одлуката на Обвинителството да ја обжали одлуката на Основниот суд Скопје 1 за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, реагираа од еснафските здруженија. Претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, вели дека е изненадена и шокирана од оваа одлука. - Го чекаат последниот ден и...

Сенатот предлага нов закон за високо образование, Министерството подготвено

Во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегол предлог за нов закон за високо образование, му предлага Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Министерството за образование и наука. Оваа одлука ја донел денес Универзитетскиот сенат, за која ректорот на...

Познато кој ја загадува Битола

Во Битола стигнаа резултатите од двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во центарот на градот, што на своја иницијатива го направи здружението„За нас се работи“. Анализите на воздухот се изработуваа во референтна лабораторија во Белград, Србија, а мерењето го вршеше мобилна мерна станица на...

Направена дезинфекција на училиштето во кое одело починатото девојче

Центарот за јавно здравје Скопје вчера направил превентивна дезинфекција во училиштето каде учело 12-годишното девојче што ненадејно почина вчера на Клиниката за инфективни болести, пренесе „Здравство24“. Оттаму наложиле и мерки во однос на одржувањето на хигиената на работните простории, одржување на хигиената на рацете, сè до...

„Студентски пленум“: Ќе тргнеме на предавања, па ќе одлучуваме за бојкот

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ велат дека сè уште се во координација и немаат одлучено која е наредната мерка што ќе ја преземат откако Собранието ги усвои, а претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша измените на Законот за високо образование. - Деновиве имаме интерни пленуми...

Обвинителството бара Кежаровски да се врати во затвор

Жалба на одлуката за условен отпуст за Томислав Кежаровски поднесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. „Во законски предвидениот рок, надлежниот јавен обвинител ја разгледа одлуката за условен отпуст, донесена од Основниот суд Скопје 1. Сметајќи дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...