fbpx

„Уа, Заев“ на собирот во паркот „Жена-борец“

-

Околу 300 до 500 луѓе се собрани во паркот „Жена-борец“ и околу Порта „Македонија“ по повикот кој се појави на социјалните мрежи по акцијата „Пуч“ на МВР, во која претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е осомничен за обид за недемократско преземање на власта.

Нема тарнспаренти, нема знамиња, нема бина, а само повремено се слушаат извици „уа, Заев“.

Улицата пред Собранието не е блокирана, а насобраните на прашањето зошто се собрани, велат дека се дојдени да искажат револт против домашните предавници.

Групата трна накај седиштето на СДСМ, но специјалните полициски сили ги блокираа на крстосницата на улицата Јордан Мијалков.

Пред седиштето на опозициската партија, исто така, се насобрани луѓе и се очекува да има обраќање на некој од раководството на СДСМ. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...