fbpx

СОНК јавно го повика министерот Адеми на средба

-

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, преку јавна покана го кани министерот за образование, Абдилаќим Адеми, утре да дојде на седницата на Советот на Синдикатот, пишува „Радио Слободна Европа“. Во повикот се вели дека на ваков чекор се одлучиле оти досега многупати му биле испраќани покани на министерот, но тој никогаш не дошол. Седницата треба да се одржи утре (1 февруари) во седиштето на СОНК во Скопје.

Неделков во повикот пишува дека ако дојде министерот, тој ќе го има почетното обраќање на седницата и можноста да им објасни на членовите зошто е потребно да се прекине штрајкот, за потоа да има преговори со СОНК.

Понатаму се наведува дека ако дојде министерот, ќе има можност да објасни зошто барањата на штрајкувачите за поголеми плати се нереални, иако, како што пишува Недлеков, тие се најниски од сите европски држави.

„И, за жал, сосема на крај, Ви ветувам, ако навистина изнесете аргументи со кои ќе нè убедите дека сме погрешиле, што на гарантирано право со Устав, но и вродено човечко право за одбрана на сопственото достоинство се одваживме да побараме нешто за што Ви ги презентиравме нашите аргументи, а досега единствено имаме добиено одговор дека ниедно од нашите барања не се реални, па и дури преку Ваши гласноговорници, дека се штетни и за самите нас, во таков случај, ќе Ве испратиме со аплауз“, напишано е во јавниот повик на Неделков до Адеми.

Неделков потсетува дека веќе втора недела огромен број членови на СОНК штрајкуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...