fbpx
Македонија Страница 1934

Македонија

Владите на Македонија и на Србија заедно работат на конкретни проекти

Владите на Македонија и на Србија денеска, по одржувањето на втората по ред заедничка седница, потпишаа седум билатерални договори од областа на економијата, здравството, образованието, културата и на надворешните работи. Македонскиот премиер, Никола Груевски, истакна дека заедничката седница, по онаа во Белград, е потврда за...

Иванов се сретна со Вучиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Александар Вучиќ, претседател на Владата на Република Србија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, по повод одржувањето на втората заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Србија. Претседателот Иванов искажа задоволство...

„Ел-Џи“ го претстави паметниот часовник „урбан“

Компанијата „Ел-џи“ го претстави својот паметен часовник „воч урбан“, а уредот ќе има претставување и на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. „Ел-џи воч урбан“ е подобрена верзија на паметниот часовник „џи воч ер“. Благодарение на тесните рамки на екранот, куќиштето од нерѓосувачки челик со исполирана...

Шилегов: Груевски денеска потврди дека прислушувал

Никола Груевски потврди дека прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска на прес-конференција. - Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско-судски одлуки, избирале и разрешувале судии...

Младешки танц против говорот на омраза

Во рамки на проектот на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и под покровителство на британска амбасада, под мотото „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, денеска на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид се одржа танцувачка точка на која настапија околу 20...

Груевски најави конкретен одговор за „бомбата“

Премиерот Никола Груевски денеска не сакаше да ги коментира наводите од снимките и обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека токму премиерот е еден од налогодавците за прислушување на телефонски разговори меѓу министри од неговиот кабинет, политичари, новинари, и најави дека во блиска...

Работните групи на УКИМ и МОН ќе се сретнат во 17 часот

Средбата помеѓу работните групи за новиот Закон за високо образование составени од членови на УКИМ и МОН на која треба да присуствуваат и членови на „Студентски пленум“, најверојатно ќе се одржи во 17 часот, неофицијално дознава агенцијата „Мета“. Се уште не се знае дали средбата ќе...

Зврлевски: Никој од мене не побарал да отфрлам кривична пријава

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ во врска со некаков разговор во кој е споменато моето име, рече денеска јавниот обвинител Марко Зврлевски. - Јас, како јавен обвинител, немам постапувано по предмет во којшто како пријавено лице се појавува министерот за...

Груевски се сретна со Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, се сретна со премиерот на Србија, Александар Вучиќ. По средбата, почна и заедничката седница на двете влади. По завршувањето на седницата, се очекува двајцата премиери да дадат изјава.

До 15 март се пријавуваат дополнителни приходи во УЈП

До 15 март, граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, треба да поднесат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои, покрај плата или пензија, оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на...

Се откри стратегијата на СДСМ: „Бомбите“ ќе пукаат тематски, по линиите на ЕУ-забелешките

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ја објави втората „бомба“ со телефонски снимки, кои, според него, откриваат дека не постои правна држава и ја покажуваат спрегата меѓу извршната и судската власт. На прес-конфееренцијата беа објавени снимки од прислушување на владини функционери инволвирани во местенки...

Екстерно тестирање за трета и за четврта година

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека од денеска ќе се спроведува екстерната проверка на постигнувањата во знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, кои не беа тестирани во периодот од 26 до 30 јануари. Тестирањата ќе...

Египет тргна во одмазда по масакрот на ИД врз Коптите

Египетската армија соопшти дека изутринава извршила воздушен напад врз цели на Исламска држава во Либија, еден ден откако ИД објави видеоснимка од егзекуција на 21 Египќанец. Цели на нападот биле кампови за обука и складишта за оружје. Армијата во соопштението наведува дека нападот бил „одмазда за крвопролевањето...

Студентите бараат преговорите да се водат на Универзитетот

Пред денешниот состанок на работната група за високото образование, која беше најавена од Министерството за образование, од „Студентски пленум“ инсистираат владините претставници да дојдат на Универзитетот. - Посочуваме дека од овој момент натаму, преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или во Владата....

Спорот за името, доминантен на средбата Коѕиас – Штајнмајер

Македонско-грчкиот спор не бил само набрзина спомнат, туку, изненадувачки, бил првата тема на разговорот меѓу шефовите на грчката и на германската дипломатија, Никос Коѕиас и Франк Валтер Штајнмајер. Ова го пренесува весникот „Катимерини“, коментирајќи дека агендата на минатонеделната средба во Берлин била сосема парадоксална...

Владите на Македонија и на Србија ќе одржат заедничка седница

Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија денеска ќе одржат заедничка седница. Пред владината седница ќе се одржи и тет-а-тет средба на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и на претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ. Ќе се одржат и...

Голомразица на патиштата

Сообраќајот на сите патишта во земјава е прооден, на повеќе места со голомразица. На патниот правец Катланово – Велес, по наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На патниот правец Страцин...

Времето денеска сончево и студено

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и студено, на повисоките места ќе има слаб ветер од променлив правец, а во одделни котлини со утринска слаба магла. Утринската температура ќе се движи од -9 до 0 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе имаме претежно сончево време,...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев докажува дека е инструмент на странски разузнавачки служби

Лидерот на СДСМ продолжува да одработува за странски центри, објавувајќи креирани материјали со кои се надева дека без поддршка од граѓаните, без програма, проекти и идеи, ќе дојде на власт, оцени владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во писмена реакција објавена по денешната прес-конференција на Зоран Заев. „Се разбира,...

Новата „бомба“ на Заев повторно ги инспирира твитерџиите

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно ја запали социјалната мрежа „Твитер“, со објавувањето на второто продолжение на „бомбата“. Снимките од разговорите, во кои се открива како се местат судски процеси, се назначуваат судии и се вршат партиски пазарења за судската власт, беа...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...