fbpx
Македонија Страница 1823

Македонија

Времето претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен североисточен ветер. Поинтензивни поројни врнежи од дожд со грмежи ќе има во вечерните часови. Минималната температура...

Протестен марш: Нема правда без оставка на Груевски

Стотици граѓани, активисти и членови на опозициските партии вечерва одржаа протестен марш низ улиците на Скопје. Од „Кампот на слободата“ пред Владата, движејќи се низ булеварот Илинден, улиците Рузвелтова и Орце Николов, граѓаните скандираа „оставка“, „лопови“ и „Никола оди си“. - Оставка! Тоа е сè што бараме....

Истражување: Студентите не гласаат на студентски избори

Младински образовен форум за вчерашната трибина „Студентот како носител на општествени промени“, го презентираше резултатите од истражувањето „Студентот како носител на општествени промени - истражување за локусот на контрола“. Според резултатите од истражувањето, поголемиот број студенти имаат надворешен локус на контрола, односно сметаат дека не...

Обвинителството поднесе жалба на пресудата за убиството на тригодишното девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднело жалба на пресудата со која Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд во март оваа година, беа осудени на затворска казна од 20 години за убиство со умисла на тригодишното девојче во Скопје, сметајќи дека „изречената казна е недоволна...

Што содржат поглавјата 23 и 24 што ги спомна Хан

„Пред изборите кои ќе се одржат до крајот на април идната година, Македонија ќе мора да ги прифати сите препораки од извешатите на ЕУ за независност на судството. Ќе се примени методологија која вообичаено ја користиме за преговори за поглавјата 23 и 24“. Ова по...

Иванов: Политичките лидери да се однесуваат разумно и одговорно

„Ја поздравувам покажаната свест и волја од политичките лидери за надминување на отворените прашања. За поздравување е фактот што изминатиот период лидерите на политичките партии меѓусебно разговараат и бараат начини за надминување на актуелната политичка состојба во Република Македонија“, се наведува во соопштението на...

Орав: Поважен е интересот на граѓаните од интересот на партиите

Овој состанок беше планиран долго време, не е поврзан со вчерашните преговори и ние имаме намера да се состанеме и со другите политички лидери колку што е можно побргу, изјави евроамбасадорот Аиво Орав по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Владата, на која...

„Твитер“ за средбата со Хан: Уште колку ќе се иселат од Македонија до април 2016 година?

Социјалните мрежи беа преплавени од коментари за вчерашната средба на лидерите на најголемите политички партии и на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на која беа договорени предвремени парламентарни избори во април следната година. Некои исходот го прогласија за успешно решение, некои негодуваат, а други...

Светските медиуми ја пренесоа веста за вонредните избори

„Немири во Македонија: ЕУ посредниците со план за предвремени избори“, „ЕУ посредниците договорија предвремени избори во непослушната Македонија“, „Предвремените избори во Македонија наводно се врзани со договор за транзициона влада“, „Македонија ќе одржи избори во април 2016“ се дел од насловите со кои светските...

Една затворска и три условни казни за последната група демонстранти од 5 мај

Една затворска и три условни казни им одреди Кривичниот суд во Скопје на обвинетите од последната група демонстранти што беа приведени по протестите пред Владата на 5 мај, пренесува „Утрински“. Тројца од демонстрантите ја признаа вината дека го сториле делото учество во толпа што ќе спречи службено...

Бесими утре ќе се сретне со Коѕиас во Атина

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, утре ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Атина. Од грчка страна не се откриваат детали што ќе биде на агендата на разговорите. Ова е втора посета на Бесими на Атина во рок од две...

Ховит твитна за средбата: Интересен избор на зборови на Хан…

Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, го поздрави вчерашниот напредок во преговорите за излез од политичката криза во Македонија. - Ја поздравувам изјавата на Јоханес Хан за преговорите во Македонија. Морам да истакнам, интересен избор на зборови „еден вид транзиционен период“ - напиша...

Форум на тема: „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“

Форум на тема „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“ денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, во соработка со ЕАСПД и со Центарот за обука, едукација и грижа – ДРАГА од...

Битолската болница почна со вработување на волонтерите

Преку 120 волонтери ангажирани во битолската клиничка болница од денеска, па во наредните неколку месеци, етапно ќе бидат вработени со решенија на неопределено време. Вработувањата ќе се реализираат во три фази, а денеска околу една третина од нив ќе ги потпишат решенијата, информираат од прес-службата...

Сите прогласија победа во преговорите, кампањата почна!

По осумчасовните преговори помеѓу политичките лидери и еврокомесарот за проширување, не е сосоема јасно што, всушност, е договорено. Во таков вакуум и двете страни побрзаа да прогласат „победа“. Медумите блиски до политичките структури почнаа да ја анализираат изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, притоа додавајќи и нови...

Прифатени забелешките на еколозите за заштита на Студенчишко блато

Еколошките здруженија од Охрид и од Скопје конечно се задоволни од третманот на надлежните во однос на нивните апели во битката за заштита на Студенчишко блато како жив природен резерват. Конечно и Министерството за животна средина и просторно планирање се приклучува кон заштитата на Охрид....

Безбедносна конференција во Охрид: Современите закани не признаваат граници

Современите безбедносни закани не признаваат граници и добро е што сите тие се препознаени во националните документи и стратегии во земјите од регионот, што значи дека земјите треба колку што е можно повеќе да соработуваат кога се во прашање превенцијата и соочувањето со безбедносните...

Ципрас на итна средба кај Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска заминува на ненадејна средба во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Средбата на која ќе се разговара за итната потреба од решение за Грција беше договорена доцна синоќа во телефонски разговор меѓу Јункер и Ципрас. Претседателот...

Топло и сончево време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени. Во Скопје и во околината се...

Хан побара спроведување на договореното и продолжување на разговорите набргу

Во соопштение испратено до медиумите доцна вчеравечер, по средбата со политичките лидери во Скопје, еврокомесарот Јоханес Хан истакнува дека заложбите дадени од партиите денеска и во иднина треба да бидат спроведени во дух на доверба. „Одреден број конкретни мерки беа дискутирани и договорени за соочување...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...