Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, го поздрави вчерашниот напредок во преговорите за излез од политичката криза во Македонија.
– Ја поздравувам изјавата на Јоханес Хан за преговорите во Македонија. Морам да истакнам, интересен избор на зборови „еден вид транзиционен период“ – напиша Ховит на „Твитер“.
I welcome @JHahnEU statement on fYR #Macedonia talks. I note interesting wording “kind of transitional period.” http://t.co/AgsH4GOO8A
— Richard Howitt MEP (@richardhowitt) June 3, 2015
Ховит е еден од тројцата европратеници што посредуваа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во надминување на политичката криза.
Вчерашната одлука ја поздрави и шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак.
„Ги цениме напорите на Јоханес Хан, Едвард Кукан, Ричард Ховит и на Иво Вајгл за постигнување политички договор за надминивање на кризата во Македонија“, твитна Лајчек.
Appreciate efforts of @JHahnEU & @EduardKukan @richardhowitt @ivajgl in reaching the political agreement on way out of crisis in #Macedonia
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) June 3, 2015