Преку 120 волонтери ангажирани во битолската клиничка болница од денеска, па во наредните неколку месеци, етапно ќе бидат вработени со решенија на неопределено време.
Вработувањата ќе се реализираат во три фази, а денеска околу една третина од нив ќе ги потпишат решенијата, информираат од прес-службата на болницата.
Како куриозитет, во битолската болница има волонтери кои се дел од персоналот речиси две децении, а најголем дел од нив се медицински сестри и помошен персонал, болничари и хигиеничари.
Во изминатите неколку години не беа ретки случаите кога волонтери си заминуваа во пензија без да дочекаат да бидат вработени. Нивниот хонорар се движеше 3.000 до 4.000 денари месечно.
А.Б.