fbpx
Македонија Страница 1684

Македонија

СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема против медиумите да учествуваат во преговорите

СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против претставници на медиумите и на новинарските здруженија да учествуваат во преговорите на работните групи, кои разговараат за проблемите во медиумите. Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ за медиумите, денеска на прес-конференција пред Клубот на пратеници...

Одложена седницата на Анкетната комисија за прислушувањето, нова закажана за утре

Одложена е седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на која требаше да се изгласа деловникот за работа на комисијата. Претседателот на комисијата, Петре Шилегов, најави нова седница за утре во 14 часот. Шилегов вели дека остануваат уште две прашања поврзани со деловникот за работа...

Заев: Груевски призна пораз на неговите економски политики

„Никола Груевски официјално призна целосен пораз на сите негови политики во изманативе десет години. Неговите расипнички и недомаќински политики без економски концепт и без визија за развој на земјата ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува да обезбеди пари за плати,...

„Телма“: Не им се е приклучивме на „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и на „Алсат“ оти уште се преговара

Сметавме дека не треба да се приклучиме на протестот на националните телевизии затоа што официјално сè уште се водат преговори и се надеваме дека измените во законот ќе бидат поволни за медиумите, е одговорот на директорот и главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“,...

Николовски до Спасовски: Или биди министер или биди генерален секретар

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го праша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е истовремено и генерален секретар на СДСМ, дали ќе си поднесе оставка на една од двете функции. - Според член 36, став 2...

Македонците во Албанија на конференција по повод годишнина од падот на комунизмот

Македонците во Албанија беа дел од Меѓународна научна конференција, организирана во Тирана, по повод 25-годишнината од падот на комунизмот во оваа земја. На конференцијата се проговори и за Македонците преку статијата „Културните и политичките организации на Македонците од Албанија 1991-2014“, презентирана од проф. д-р Катерина...

Специјалното обвинителство бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба денеска изрази Специјалното јавно обвинителство. Според соопштението, без законот, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување...

Иванов се сретна со Обама во Париз

На маргините на лидерската конференција за климата, која се одржува во Париз, претседателот Ѓорге Иванов се сретнал со претседателот на САД, Барак Обама. Двајцата претседатели разговарaле за интеграцијата на Македонија во НАТО. Претседателот Иванов на американскиот претседател Обама му порачал дека ситуацијата со Македонија сè уште...

ССНМ: Колективен договор до враќање на достоинството на професијата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) подготви колективен договор за системско решавање на проблемите во медиумската индустрија. Договорот предвидува регулирање на сите прашања што произлегуваат од работата на еден медиум како плати, работно време, начин на напредување, избор на уредници, како и правото...

Роберт Орданоски не е реизбран за директор на Агенцијата за електронски комуникации

Роберт Орданоски не е повеќе директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Оваа информација, Орданоски ја објави на својот фејсбук-профил, на кој исто така наведува дека не е повеќе директор бидејќи не е реизбран. - Директор во АЕК бев пет години, нема да останам да работам тука...

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Дефектологот Горан Ајдински и теологот Ратомир Гроздановски се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието. Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. Педијатарот Аспазија Софијанова, пак, ја доби наградата...

МВР вчера издало потврди на 1.941 бегалец

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на 1.941 странски државјанин за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 1.267, Сирија - 424 и...

На „Денот на дрвото“ редовно ќе се извршуваат закажаните прегледи

В среда сите јавни здравствени установи ќе работат редовно и ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции, информираат од Министерството за здравство. Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“, нема одложување и на закажаните хируршки интервенции. Во рамките на проектот „Мој термин“, за тој ден...

Поповски: Резултатот ќе покаже кој бил за демократија

Во еден ваков момент кога сме мета на напади, ние ќе бидеме коректни и нема да издаваме за тоа што се преговара во работните групи. Резултатот ќе покаже кој бил во право и кој е за демократија, а кој не, изјави за „Мета“, Роберт...

Пратенички прашања на седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 77. седница. На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Иванов на Самит на климатски промени во Париз

На отворањето на 21. Самит за климатски промени, што се одржува во Париз, од денеска до 11 декември ќе учествува претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Иванов ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на Самитот за климатски...

Анкетната комисија за скандалот со прислушување денеска продолжува со работа

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да продолжи со работа во Собранието. Комисијата одржа седница и во петокот, кога претседателот на комисијата, Петре Шилегов, го најави и белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој требало да даде исказ за членот 16 од деловникот, кој се...

Коѕиас ја критикуваше Македонија во Техеран

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, говореше за македонско-грчкиот спор и упати критика на сметка на македонската влада во Иран. Грчкиот министер за надворешни работи, на говорот на Универзитетот во Техеран викендов, за грчката надворешна политика издвои подолго време за да го претстави спорот...

Времето денеска сончево со температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе...

ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

Предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи со 300 набљудувачи, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР објавен на 27 ноември. Во извештајот се наведени наодите од скенирањето на актуелната политичка состојба во земјата и процените за потребите на мисијата при...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...