fbpx
Македонија Страница 1621

Македонија

СЈО: Отворени истражни постапки за Јанкулоска, Јанакиески и за Божиновски за фалсификување на изборите

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за...

Вчера МВР издало потврди на 2.540 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.540 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Сирија, вкупно 1.357 лица, од Авганистан биле 744 лица, а од...

Амбасадата на САД ќе донира опрема за бегалците на Црвен крст

Американската амбасада во Македонија денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток, ќе предаде хуманитарна помош за полесно справување со хуманитарните предизвици со бегалската и мигрантската криза, соопштија од Црвениот крст. Помошта е во вид на опрема и е наменета за...

Богатинова за „отказот“: Поздрав до тие што цела ноќ не спиеле и смислувале приказни

По објавата на информацијата дека главната уредничка на „Канал 5“, Лидија Богатинова, наводно добила отказ од телевизијата каде што работи и дека од 1 март нема да биде на оваа функција, таа не одговори конкретно дали ова е вистина или не. - Поздрав до тие...

Mедиумите ќе потпишат повелба за етичко известување за изборите

Денеска, во 12 часот, во просториите на ЕУ-инфоцентар во Скопје, ќе се потпише повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Потпис на повелбата ќе стават медиумите што ја прифатиле нејзината содржина и кои преку тоа се залагаат...

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој, меѓу другото, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Министерот Курц е во повеќедневна турнеја на земјите од регионот, главно во врска со справувањето со бранот...

СДСМ: Додека децата смрзнуваат, директорката се шета во странство

„Два дена јавната детска установа „Јасна Ристеска“ од Охрид нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење“, обвинуваат од СДСМ. „Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или...

Облачно и врнежливо време

Времето претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и во западните делови од земјата. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер, претежно од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 9 до...

Спасовски во Велес: Секој што направил криминал ќе одговара

Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Велес, рече дека новата влада предводена од СДСМ ќе води бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. - СДСМ е во борба против криминалот и корупцијата, кои се одомаќинија во...

Демократската партија на Турците го осуди навредливиот говор на Латас

Демократската партија на Турците на Македонија, која е дел од владината коалиција, го осуди навредливиот израз на главниот уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, упатен кон турскиот народ. „Новинарот Латас по многубројните реакции изрази извинување до турскиот народ и до турската држава. Иако...

Пломп: Реакциите на интервјуто со Латас ја покажуваат важноста на медиумите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска за „Мета“ изјави дека вчерашното интервју на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, е доказ за важноста на медиумите за демократијата во Македонија. „Огромниот број реакции по синоќешното интервју...

Косовскиот суд одлучил да нема екстрадиција на првообвинетите во „Монструм“

Основниот суд во Приштина на 29 октомври минатата година донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд на Косово на 22 јануари...

В сабота протестен перформанс „Колку чевли останаа неизносени“

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, в сабота во 12 часот ќе одржи протестен перформанс „Колку чевли остаанаа неизносени“, во кој граѓаните што имаат роднини или блиски луѓе што се иселени од земјата треба да донесат нивен пар чевли. - Народот масовно се иселува, а она што...

Совет на честа: Латас ја дискредитираше целата новинарска бранша

И покрај тоа што Драган Павловиќ - Латас не е член на Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ), Советот на честа се дистанцира од неговото однесување синоќа во текот на интервјуто на „Сител“ со Зоран Заев, затоа што така ја дискредитира целата новинарска бранша и создава искривена слика...

Владата го одбила предлогот на Спасовски да им се попушти на автошколите

Владата на синоќешната седница го одбила предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да се одложи обврската на автошколите за поставување на камери во возилата за обучување за кандидатите, брифираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Формулацијата на Владата, како што велат од МВР,...

Совет на етика: Латас ја злоупотреби функцијата новинар, уредник и домаќин

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по вчерашниот разговор во информативната емисија на „Сител“ во 19 часот, изрази сериозна загриженост поради непрофесионалното однесување на главниот и одговорен уредник, Драган Павловиќ – Латас, и непристојниот и несоодветен третман кон гостинот Зоран Заев. Од Советот...

Исклучена струјата на Агенцијата за храна и ветеринарство на Меџитлија

Канцеларијата на Агенцијата за храна и ветеринарство сместена на граничниот премин Меџитлија остана без електрична енергија откако ЕВН, и покрај предупредувањата, не успеала да си го наплати долгот од оваа државна институција. Струјата била исклучена вчера околу 16 часот, во период кога граничниот премин од грчка...

Агенција за медиуми за Латас: Непримерен начин на комуникација, кавга и навреди

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман, со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено-политички теми, гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди, реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за...

Турците протестираа пред „Сител“: „Излези Латас, ако имаш образ“

Со извиците „Излези Латас“, „Оставка“, „Демократија“, „Излези Ѕинго“, неколку десетици Турци од Македонија протестираа пред теливизија „Сител“ и побараа главниот уредник, Драган Павловиќ - Латас, да даде оставка и да поднесе одговорност за искажаниот говор на омраза во синоќешното интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Турската амбасада го осуди однесувањето на Латас и најави контрамерки

Турската амбасада денеска со осуди однесувањето на главниот и одговорен уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, и најави дека турската дипломатија ќе интервенира пред македонските органи за вчерашниот инцидент. „Овој израз полн со омраза и со злоба, во иста мера го возвраќаме кон именуваното лице,...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...