fbpx
Македонија Страница 1616

Македонија

Полицијата поднела пет прекршочни пријави за инцидентот меѓу навивачките групи кај ГТЦ

Скопската полиција привела 23 лица и поднела пет прекршочни пријави по вчерашниот инцидент кај Градскиот трговски центар (ГТЦ) во кој, според МВР, членови на навивачката група на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ и на „Комити“ го нарушиле јавниот ред и мир. Според информациите на МВР, вчера околу...

МВР вчера издало потврди на 773 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 773 мигранти. Според државјанството, 611 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, 160 на државјани на Ирак и две на лица од Авганистан. Како што информираат...

МНР: Засега нема затворање на границите, финансиската помош од ЕУ сè уште не стигнала

Засега Македонија нема намера да ја затвори јужната граница со Грција за мигранти, брифираат од Министерството за надворешни работи. Оттаму велат дека авганистанските државјани, кои се заглавени кај Табановце, најверојатно ќе останат во земјава сè додека Србија и Хрватска не го решат спорот околу...

Салата „Борис Трајковски“ и стадионот „Филип Втори“ добија нови имиња

Најголемиот македонски стадион, Националната арена „Филип Втори“, и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе добијат нови брендирани имиња и тоа „Телеком арена“ и „Вип арена“. Договорот помеѓу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и „Оне Вип“ е веќе потпишан, а деновиве се очекува параф да стават и првите луѓе на...

Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска...

Ванхауте до ВМРО-ДПМНЕ: Музејот на ВМРО не е во мојот туристички водич

Белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте, синоќа преку својот твитер-профил им одговори на ВМРО-ДПМНЕ на нивната одлука за прекинување на соработката и на пораката дека ќе го третираат посредникот само како турист. Ванхауте на „Твитер“ напиша дека планира да почне да пишува туристички водичи и...

Сончево време со температура до 18 степени

Времето ќе биде сончево и потполо, а во западните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе биде сончево...

Ахмети: ДУИ нема да се конфронтира со меѓународната заедница

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по завршувањето на денешната вонреднa лидерска средба рече дека неговата партија е на иста линија со меѓународната заедница и оти партиите не смеат да дозволат Договорот од Пржино да пропадне. - Како што гледате, се одвиваат многу интензивни...

СДСМ: Меѓународната заедница го потврди тоа што ние цело време го говоревме

Меѓународната заедница денеска го потврди тоа што СДСМ го говори цело време, дека на 24 април нема услови за слободни, фер и демократски избори, реагираат од СДСМ на заедничката изјава на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. „Денеска Никола Груевски...

Хан порача: Важен е квалитетот на изборите, а не нивниот датум

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, вечерва преку својот твитер-профил порача дека поважна е суштината и квалитетот на изборите, отколку датумот на кој тие ќе се одржат. „#Скопје, #Пржино договор: Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот. Прочитајте го писмото...

Бејли: Не се исполнети условите за кредибилни избори на 24 април

Не се исполнети условите за одржување на фер и кредибилни избори на 24 април, е оцената на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, што вечерва ја соопшти амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Американскиот амбасадор ова го сооппшти пред зградата на Владата, откако...

ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево соопшти дека донела одлука да престане да соработува со белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте. Одлуката, велат од партијата, ја базираат на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и „континуираните омаловажувања кон...

Бркотница меѓу полицијата и навивачки групи кои дивееле во околината на ГТЦ

Во околината на Градскиот трговски центар (ГТЦ) се одвива полициска акција во која полициски екипи се обидуваат да се справат со засега непозната група, која го нарушила јавниот ред и мир во центарот на Скопје, јавува порталот „Нова ТВ“. Како што пренесува порталот, очевидци изјавиле...

Вонредна лидерска средба пред објавувањето на оцената за условите за избори

Лидерите на политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во моментов се во Клубот на пратеници каде од 15 часот е закажана вонредна лидерска средба. На средбата, од засега непознати причини, не е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека претседателите на СДСМ, ДУИ и...

Спасовски: Фер и демократски избори се единствен излез од кризата

Голем е интересот да има фер и демократски избори што ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци што ги има и граѓаните ќе можат да носат одлука самостојно, во согласност со сопственото убедување, рече министерот за внатрешни работи и...

ЕУ и САД попладнево ќе ја соопштат оцената за условите за избори

Претставници на Евроската унија (ЕУ) и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во земјава, Џес Бејли попладнево ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети сите услови за одржување на превремените парламентарни избори на 24 април, велат од амбасадите на ЕУ и САД. Оттаму нема...

Попоски за „Катимерини“: Македонија и Грција треба да си дадат шанса

Ниту затворањето на границите, ниту навивањето Грција да излезе од шенген-зоната, но ни користењето на ситуацијата со бегалците за Македонија да поентира за влез во Европската унија (ЕУ) и во НАТО не ѝ оди во прилог на нашата земја. Ова го посочува министерот за надворешни работи,...

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така,...

Димовски: ДИК на јавна седница да каже до кога може да се прочисти избирачкиот список

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја повика Државната изборна комисија (ДИК) итно да одржи јавна седница на која ќе ги расчисти сите дилеми за тоа колку време е потребно за вкрстувањето на податоците за избирачкиот список и за евентуалната теренска проверка. Пратеникот и член на извршниот комитет...

Вчера издадени потврди на само 372 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 372 мигранти. Според државјанството, 250 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, 113 на државјани на Ирак и 9 на лица од Авганистан. Како што...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...