fbpx

Ахмети: ДУИ нема да се конфронтира со меѓународната заедница

-

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по завршувањето на денешната вонреднa лидерска средба рече дека неговата партија е на иста линија со меѓународната заедница и оти партиите не смеат да дозволат Договорот од Пржино да пропадне.

– Како што гледате, се одвиваат многу интензивни средби помеѓу сите политички субјекти, со присуство на меѓународната заедница, односно олеснувачите на Договорот кој беше постигнат со согласност од сите страни. Сега веќе сме ставени во незавидна ситуација при што нема согласност од сите домашни страни да се почитува Изборниот законик за кој гласавме сите партии. Мислам дека сè уште има простор да се разговара и да се преговара во врска со тие неисполнети прашања во Државната изборна комисија – рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање дали изборите треба да се одложат или не, Ахмети не даде прецизен одговор, но посочи дека ДУИ нема да влезе во конфронтација со меѓународната заедница.

– ДУИ е на иста линија и во комуникација со меѓународната заедница, ние сметаме дека средбите треба да продолжат и да се постигне компромис и согласност меѓу сите страни за да не дозволиме Договорот да пропадне. Пропаѓањето на тој Договор значи продлабочување на политичката криза во Македонија, затоа апелираме до сите партии да најдеме заедничко решение – рече Ахмети.

Претходно амбасадорот на САД, Џес Бејли, пред Владата ја прочита заедничката изјава на САД и на ЕУ во која се вели дека не се исполнети условите за веродостојни избори на 24 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...