fbpx

Димовски: ДИК на јавна седница да каже до кога може да се прочисти избирачкиот список

-

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја повика Државната изборна комисија (ДИК) итно да одржи јавна седница на која ќе ги расчисти сите дилеми за тоа колку време е потребно за вкрстувањето на податоците за избирачкиот список и за евентуалната теренска проверка.

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека само така ќе се разрешат дилемите што се појавија во јавноста за тоа дали има доволно време целосно да се заврши оваа процедура.

– Според нашата процена, дури и да работи и најмрзеливо, вкрстувањето на податоците ДИК може да го заврши за 14 дена. Според Уставот и законите, ДИК треба да почне со работа откако Собранието ќе биде распуштено. Кога интензивно треба да се подготвуваат работите, оваа комисија е недозволиво да си дава викенд-паузи. Знаеме дека и денеска не работат, но се надеваме дека до крајот на денот ќе ги решат сите овие дилеми – изјави Димовски на денешната прес-конференција.

Според него, СДСМ преку своите членови врши опструкција на работата на ДИК и на прочистувањето на избирачкиот список, а на експертите во комисијата поважни им се приватните обврски отколку државните.

На новинарско прашање дали е можно поместување на датумот за избори и што ако извештајот на меѓународните посредници за Договорт од Прижино биде негативен, Димовски рече дека нема ниту еден сериозен момент кој укажува на тоа дека избирачкиот список не може да биде прочистен навреме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...