fbpx
Македонија Страница 1513

Македонија

Облачно време со услови за дожд

Времето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи, особено во северните и во источните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од 11 до 16 Целзиусови степени,...

Брисел: Се надеваме дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба за изборите

Брисел се надева дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба на која партиите ќе поведат иницијатива за договор за организирање на фер избори. Од Европската комисија велат дека се во постојан контакт со партиите и ги следат случувањата во Македонија. „Делегацијата на ЕУ е во...

Остануваат уште пет дена, порача „Шарената револуција“ со герила-акција пред Уставен суд

„Шарената револуција“ денеска со нова герила-акција потсети дека остануваат уште пет дена до исполнување на нивните две клучни барања. Тие пред Уставниот суд ја нацртаа бројката пет и напишаа „СЈО е уставно“. Едно од нивните барања е Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за оценување...

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судот во петокот побара...

Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Судијата го одби барањето на СЈО за притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој денеска два часа беше на распит во Кривичниот суд, како првоосомничен во случајот „Транспортер“. Сепак, како што информираат од судот, на Талески му е одземен пасошот. „Во врска со предлогот за определување...

„Марш за зелен Карпош“ утре во 18 часот, пред „Сити мол“

Граѓаните од иницијативите „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ утре, во 18 часот, ќе организираат „Марш за зелен Карпош“, со кој ќе ја блокираат крстосницата кај „Скопје сити мол“ за да укажат на, како што велат, самоволието на локалната самоуправа на општина Карпош, која нетранспарентно и...

Потребен е интегриран систем за заштита од компјутерски криминал

Високи претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Турција и од Косово денеска и утре во Охрид, на Конференција за сузбивање на компјутерски криминал (iProceeds), ќе договорат конкретни чекори за подобрување на финансиските истраги и за конфискација на приносите од криминалот...

Груевски: Лидерска средба – само со тема и со план

Би присуствувал на лидерска средба, но претходно мора да ја знам темата и планот за средбата, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоција на нови наслови на книги во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Тој повтори дека во...

Македонски ЛГБТИ-центар и коалиција СЗПМЗ: Нападот во Орландо е хетерофашизам

Од ЛГБТИ-центарот за поддршка и Коалицијата Сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници денеска изразија загриженост и жалење по повод вчерашниот напад врз клубот за хомосексуалци во Орландо, Флорида, во кој животот го изгубија 50, а ранети беа уште 53 ЛГБТИ-луѓе. Оттаму изразуваат сочувство кон сите...

Тодоров: Од денеска во продажба масло од канабис

Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките во земјава е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство, Никола Тодоров. „Со оваа новина излеговме во пресрет на...

Шилегов: Исполнети се условите за преговори за избори наесен

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска во Собранието на Република Македонија. - Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање...

Заврши распитот, Талески на задна врата излезе од судот

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, по двочасовен распит пред судија на претходна постапка, од задната врата го напушти Кривичниот суд во Скопје. Специјалното јавно обвинителство бараше од судот на Талески да му биде одреден притвор, но засега од судот нема информација...

Речиси сите пратеници се пријавија да говорат за импичментот на Иванов

Почна собраниската расправа за предлогот за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од СДСМ и од нивните коалициски партии, а за збор се пријавија речиси сите пратеници. Предлогот го образложи Рената Дескоска од СДСМ, која рече дека со аболиција на 56 лица, Иванов прекршил...

Битолската полиција поднесе кривична пријава против уште еден демонстрант

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против 18-годишен демонстрант, осомничен дека со боја ја оштетил фасадата на зградата на Општина Битола, информира МВР. Според полицијата, станува збор за 18-годишниот А.Р. од Скопје, кој се товари за оштетување туѓи предмети. „Пријавениот на 26 април 2016...

Македонија на Мултијазичен фестивал во Кожани

Македонија настапи на вториот Мултијазичен фестивал кој викендов се одржа во Кожани, Грција. На фестивалот учествуваше македонскиот фолклорен оркестар „Рудина“ од Битола, заедно со културно-уметнички друштва од Грција, Бугарија и од Турција. Оркестарот се претстави со повеќе македонски фолклорни песни. Во пријатна атмосфера, оркестарот беше...

Талески на распит во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Транспортер“

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, претпладнево, околу 11 часот, се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“. Талески, како што јавува „Плусинфо“, во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на...

Тачи не верува во одржување на лидерска средба

„На лидерската средба што се најавува за деновиве нема што да се понуди за излез од кризата. Таква средба би била несериозна и не верувам дека ќе се одржи“. Ова на брифинг со новинарите, го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по синоќешната ифтарска вечера,...

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика информираше дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 17 јуни (петок), Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Денеска пратениците на пленарна седница ќе расправаат за импичментот на Иванов

Денеска, во рамки на 105. седница на Собранието, пратениците ќе расправаат по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Минатиот понеделник, комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија...

Врнежливо време со повремено засилен ветер

Времето претпладне ќе биде облачно на североисток со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во северните и во источните делови од земјава. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...