fbpx

Македонија на Мултијазичен фестивал во Кожани

-

Македонија настапи на вториот Мултијазичен фестивал кој викендов се одржа во Кожани, Грција. На фестивалот учествуваше македонскиот фолклорен оркестар „Рудина“ од Битола, заедно со културно-уметнички друштва од Грција, Бугарија и од Турција.

Оркестарот се претстави со повеќе македонски фолклорни песни. Во пријатна атмосфера, оркестарот беше добро прифатен и направи одлична забава за посетителите. Веселите звуци на нашиот мелос ги поттикнаа на заедничко оро сите членови на културните здруженија од Грција, Бугарија, Турција кои настапуваа на фестивалот, но и голем број од посетителите на Кожани.

Учеството на фестивалот во Кожани на македонска група доаѓа само една недела откако на Фестивалот на мултијазичноста во Солун настапи македонски хор од Битола. Иницијатор на овие учества е генералниот конзулат на Македонија во Солун и конзулката Маја Апостолова.

За вчерашниот настап во Кожани, Апостолова ни изјави дека концертот покажал силен изблик на балканско братство и заедништво. Претходно, таа во обраќањето до присутните на настанот, посочи дека конзулатот ги поддржува целите на фестивалот, но и општо сите активности во насока на негување и на промоција на јазичната разноликост и на богатата музичка и фолклорна традиција во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...