fbpx

Битолската полиција поднесе кривична пријава против уште еден демонстрант

-

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против 18-годишен демонстрант, осомничен дека со боја ја оштетил фасадата на зградата на Општина Битола, информира МВР.

Според полицијата, станува збор за 18-годишниот А.Р. од Скопје, кој се товари за оштетување туѓи предмети.

„Пријавениот на 26 април 2016 година, во периодот од 19.40 до 20.10 часот, на булевар 1 Мај во Битола, додека присуствувал на протестот организиран од здружението „Протестирам“, со фрлање боја извршил оштетување на фасадата на зградата на Општина Битола, која претставува објект заштитен како споменик на културата“, стои во информацијата за случајот од МВР.

На почетокот од месецов СВР Битола поднесе кривични пријави против 26 демонстранти, исто така осомничени за боењето на зградата на Општина Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...