Македонија Страница 1510

Македонија

Дијаспората собира средства за помош по поплавите во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изрази сочувство на семејствата засегнати од катастрофалната поплава што го зафати Скопје и околината, а беше предизвикана од пороен дожд вечерта на 7 август 2016. ОМД иницира акција меѓу иселениците за донирање средства кои ќе бидат испратени на Македонскиот црвен крст...

Во тетовско се нормализира состојбата по големото невреме

Кризниот штаб е постојано на местата зафатени во невремето во тетовско. Градежна механизација се уште работи на расчистување на патниот правец Шипковица - Бродец каде се одвива сообраќајот, но со помали тешкотии. Се работи и на проширување на речните корита кои беа наполнети со...

Кривична пријава за поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид

Поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ во Охрид, со уште двајца негови соработници, ја оштетиле установата за 598.508 денари односно 9.731 евра. Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно и...

Жителите на загрозените подрачја ќе добијат пет слободни работни дена

Пет слободни работни дена ќе добијат сите жители од загрозените и поплавените подрачја за да се фокусираат кон расчистување на домовите, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев, кој заедно со министрите за труд и социјална политика и финансии Диме Спасов и Кирил Миноски се во...

Од телефонот за донации досега собрани 81.300 евра

Вкупно пет милиони денари или 81.300 илјади евра се собрани досега од телефонскиот број за донации за поплавеното население, потврдуваат од Црвен крст. Телефонскиот број 143-400 беше отворен вчера на пладне и ќе биде во функција и наредните неколку дена. На телефонскиот број може да се...

Заев со вработените од општините Куманово, Струмица и Центар со помош за настраданите

Лидерот на СДСМ, Зора Заев заедно со вработени во општините кои ги води СДСМ денеска ги посети жителите во Сингелиќ и Стајковци кои беа најпогодени од катастрофалното невреме. Заев најави дека општинските претпријатија на Куманово, Струмица и Центар кои што доаѓаат со свои ресурси,...

Одбележани 15 години од масакрот кај Карпалак

Денеска кај местото Карпалак се одбележа петнаесетгодишнината од крвавиот масакр, кога во 2001 година, животот го загубија десет припадници на Армијата на Република Македонија. Чествувањето започна со помен парастос, а на местото на трагедијата букети цвеќиња положија повеќе делегации, преставници на политички партии и...

Градот Скопје отвори книга на жалост

Градот Скопје денеска отвори книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го погоди градот. Книгата ќе биде поставена во просториите на Советот на Град Скопје и сите граѓани што сакаат ќе можат да се запишат денеска до 21 часот и утре до 16 часот. Од...

„Фејсбукот“ и „Твитерот“ на Владата неми за поплавите, граѓаните се самоорганизираат

Страниците на Владата на Република Македонија на социјалните мрежи немаат објавено никакви информации за поплавите кои викендов го погодија Скопје и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица. На официјалните страниците на Владата на социјалните мрежи „Фејсбук“ и на „Твитер“ нема ниту препораки, ниту, пак,...

Штип и Кочани со хуманитарна акција за Скопје и Тетово

Општинските организации на Црвениот крст во Штип и Кочани во соработка со општините ги повикаа граѓаните да донираат за настраданите во поплавените подрачја во скопско. Во Штип во просториите на Црвениот крст од 09 до 15 часот работи пункт каде граѓаните може да донираат...

ЛДП e разочаранa од односот на Груевски кон премиерот

Ливерално-демократската партија (ЛДП) денеска преку соопштение изрази сочувство до семејствата на жртвите од невремето што во саботата вечерта го зафати Скопје и околината, но и разочараност од однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при неговата посета на погодените подрачја. Од опозациската партија велат дека...

Интерактивна мапа на сите локации каде може да се донира или побара помош за поплавите

На специјализирана мапа на „Гугл“ означени се пункотвите на кои може да се донира помош за погодените подрачја од поплавите и од невремето. Мапата ги прикажува и прифатните центри и центрите за укажување помош на граѓаните на кои им е потребна. Апели за донации на храна,...

Груевски од Турција се врати како врховен командант, премиер и претседател на држава

Прeтседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го прекина одморот во Турција, како што известија медиумите, „со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето“ и да „изврши увид на терен“. Во катастрофа и трагедија од такви размери, секоја помош е непроценлива и...

На „Фејсбук“ се организираат волонтери за помош на поплавените подрачја

Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. “ Активистите кои ја водат иницијативата апелираат сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа...

Најмногу дожд синоќа наврна во скопски Петровeц

До осум часот утрово водниот талог во Петровец, бил 41 литар на метар квадратен, во Демир Капија 40, во Скопје 33, во Тополчани 32, во Тетово 30, во Маврово 29, во Битола 28, во Ѓуриште 27, во Охрид 19, во Претор 18, во Пожаране...

Нема повредени во синоќешното ново невреме

Од синоќешното ново невреме кое го зафати скопскиот регион, нема исчезнати и повредени, информираат од Министерството за внатрешни работи. МВР извести дека првично исчезнатите шест граѓани, всушност се граѓаните чии тела беа пронајдени во последните 24 часа, со што до денеска, вкупната бројка на починати е...

Амбасада на Германија: Сочувство за загинатите и повредените во поплавите

Германската амбасада во Македонија денеска изрази сочувство за жртвите од поплавите. „Амбасадата на Сојузна Република Германија ја изразува својата длабока жалост за жртвите од невремето на 06.08.2016 година. Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, стои во соопштението од амбасадата. Сочувство...

Денеска е ден на жалост во Македонија

Денеска е ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната вонредна седница. „Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300.000...

Грција изрази сочуство за жртвите од поплавите

Грција изрази сочуство до Македонија за починатите во поплавите во Скопје. Грчкото министерство за надворешни работи преку Твитер испрати порака со големо жалење и солидарност за погубната поплава во која животите ги изгубија 21 лице. „Изразуваме жалење за ужасните вести од БЈРМ. Сочуство за...

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, кои ќе престанат кон крајот на денот. УВ-индексот ќе изнесува 7. Минималната температура ќе се движи од 14 до 23 Целзиусови степени, а максималната од 26 до 34 Целзиусови степени. Во Скопје...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...