fbpx

Одбележани 15 години од масакрот кај Карпалак

-

Денеска кај местото Карпалак се одбележа петнаесетгодишнината од крвавиот масакр, кога во 2001 година, животот го загубија десет припадници на Армијата на Република Македонија. Чествувањето започна со помен парастос, а на местото на трагедијата букети цвеќиња положија повеќе делегации, преставници на политички партии и здруженија на граѓани.

Присутен беше и Министерот за одбрана Зоран Јолевски, но одби да даде изјава за медиумите. Пред медиумите говореше Јордан Трајкоски од Здружението на резервни воени обврзници 2001-2002 година. Тој искажа разочарување од институциите, што сè уште на месноста Карпалак нема спомен обележје во чест на загинатите бранители.

– И по 15 години од конфликтот нашата држава и нашите власти не презедоа ништо околу одбележувањето и правата на бранителите од конфликтот во 2001 година. Еве и на ова место било какво обележје да се поставеше – изјави Трајкоски.

Крвавиот масакр кај месноста Карпалак се случи на денешен ден во 2001 година околу 10 часот. Конвојот на АРМ кој се движеше кон Тетово со ракетни фрлачи и автоматско оружје беше подмолно нападнат од заседа од страна на паравоените албански формации. При тоа беше погодено едно транспортно возило на АРМ, во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав на армијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...