fbpx

Влијанието на климатските промени во пораст: пожарите се закана за шумите, а поплавите за нивите

Климатските промени и временските непогоди кои се резултат од нив најмногу ги погодуваат Вардарскиот, Источниот и Североисточниот регион, покажува Атласот на природни непогоди. Над 80 отсто или над 1400 случаи во периодот од 2005 до 2022 година се пожари, десет отсто се поплави, осум отсто...

Згурата од велешката топилница чека дозвола за да се извезува во Јужна Кореја и во Албанија

Советот на Општина Велес утре ќе расправа за постапката за доделување нова Б-интегрирана дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која има обврска да ја расчисти депонијата со тешки метали од некогашната топилница. Концесионерот, кому претходната Б-интегрирана дозвола му истече во октомври минатата година, сега бара...

Белица е првото село во Македонија што почна да произведува струја од сонцето

Селото Белица во близина на Кичево е првата македонска рурална заедница која произведува струја од сонцето. Старото училиште во селото, кое од неодамна има функција на еко центар преку проект на Македонското еколошко друштво и Еко свест, финансиран од Амбасадата на Шведска, доби фотонапонски...

Годинава ќе се бара концесионер за чистење на арсенот во Лојане

Државата во 2024 година ќе го распише јавниот повик за пронаоѓање концесионер што ќе го исчисти арсенот и другите отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце. Ако не се најде заинтересиран приватен инвеститор, алтернатива ќе биде пронаоѓањето на странски фондови со домашна контрибуција на...

Националните паркови ќе добијат пари од буџетот и ќе наплатуваат влез

Четирите национални паркови во земјава, „Пелистер“, „Галичица“, „Маврово“ и „Шар Планина“, за првпат ќе добијат пари од буџетот во висина од 20 милиони денари или нешто над 325.000 евра. Институциите кои досега постојано се финансираа исклучиво од сопствени средства и донации, со одлука на...

(ФОТО) Нова рисица лоцирана во близина на Стража

Македонското еколошко друштво (МЕД) соопшти дека минатата ноќ лоцирало нова рисица. Животното било лоцирано во кафез-замка која била направена минатата недела и поставена пред три дена. Рисицата на која ѝ е дадено името Луна пред само неколку часови била лоцирана на планината Буковиќ, во близина...

Остануваат малите хидроцентрали во Маврово, Шар Планина и на Кожуф, бадијала препораките на Бернска конвенција

Малата хидроцентрала Рибничка во Националниот парк Маврово нема да се укине. Министерството за животна средина и покрај барањето на Бернската конвенција да не се гради овој енергетски капацитет, преговара со инвеститорот Рибничка да се дислоцира надвор од зоните на строга заштита и активно управување....

Пожарите и поплавите – најчести природни непогоди во земјава во последните две децении

Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во периодот од 2005 до 2023 година, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти...

Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година. Како...

ДЗР: Министерството за животна средина има должници, а нема ефикасен начин да си ги наплати парите  

Министерството за животна средина не наплатило побарувања од 90 милиони денари или 1,4 милиони евра, како надоместок за користење и испуштање на води, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија направен за финансиското работење на Министерството за животна средина за 2022 година. Ревизорите констатирале...

Хаотичен град создава хаотични луѓе – скопскиот урбанистички лик и неговата иднина

Облеката можеби не го прави човекот, но градот дефинитивно ги прави и ги обликува своите граѓани. Како што главниот град на нашата дражва се претворува во хаотична и непрепознатлива верзија од себе, така и неговите граѓани сè помалку можат да си го најдат своето...

Невладините реагираат на измените во законот за отпад во полза на загадувачите

Невладините организации Гоу Грин и коалиција 02 реагираат на четирите предлог-измени во законите за отпад кои се доставени до Собранието на РСМ во скратена постапка. Тие реагираат на измените што се предлагаат во законите за управување со отпад, кои во пакет беа донесени од...

За да биде правична, идеите за енергетската трансформација треба да потекнат од граѓаните 

Инвестициите во обновливи извори на енергија и во енергетската ефикасност, се двата основни столба на зелената енергетска транзиција. Овој процес мора да биде и праведен и транспарентен и да потекне првенствено од локалните заедници во двата региони, кичевскиот и битолскиот, кои се зависни од...

Глобално затоплување: Минатата година прогласена за најжешка во историјата

Во 2023 година е соборен рекордот за најжешка година во историјата на човештвото со огромна разлика на надминување на просечната температура на воздухот, пишува весникот Гардијан. За да се справи светот со глобалното затоплување, потребно е брзо намалување на согорувањето на фосилните горива. Планетата била...

Флашираната вода содржи во просек 250.000 микропластични честички

Нова студија од универзитетите Колумбија и Рутгерс откри дека пластичните шишиња со вода содржат, во просек, 250.000 честички нанопластика на литар, известува Еуроњуз. Честичките нанопластика се помали од 1000 нанометри, додека пак терминот „микропластика“ се однесува на оние честички пластика кои се помали од 5...

Обезбедени се 2,5 милиони евра за дочистување на малата депонија со линдан во ОХИС

Обезбедени се нови 2,5 милиони евра за довршување на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Министерката за животна средина Каја Шукова информираше дека дел од парите се обезбедени од домашниот буџет, а дел се од донатор, со што се затвора финансиската конструкција...

Отровниот воздух нѐ убива, државата со прст не мрда да ја намали употребата на нафта и мазут во јавните институции

Над 740 јавни установи во сите делови од земјата сѐ уште се греат на мазут или нафта. Болници, училишта, градинки, спортски сали, затвори, културни установи.... се дел од долгата листа на загадувачи, кои користат фосилни горива и придонесуваат за загадување на воздухот. Листата и...

Воздухот и понатаму екстремно загаден, вредностите на ПМ2.5 и ПМ10 и до седумпати повисоки од граничните

Екстремното високо загадување со ПМ10 и ПМ2,5 честичките и денеска е реалноста во која живеат жителите на Скопје, Струмица, Прилеп, Охрид, Кичево и повеќе други градови низ земјата, покажуваат мерењата на мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем. Најзагадено во главниот град е во...

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти,...

Воздухот сѐ повеќе загаден, инспектори за животна средина сѐ помалку

Правилникот за цврсти горива да се извади од фиока и да се усвои, бидејќи со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите, апелираше денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Тој информира дека во првите...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...