Проектот „Медиуми за сите“ (Media for All) на Британскиот совет (British Council) организира конкурс „Young Journalists Competition“ за млади новинари и тимови од новинари што работат на прашања и теми што ги засегаат младите, во чии рамки ќе се овозможи поддршка за изработка на новинарски содржини.
Избраните кандидати ќе добијат финансиска поддршка, менторство и професионално водство во текот на осум седмици. Конкурсот е отворен за кандидати од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.
Во текот на 8 седмици, успешните кандидати, односно тимови од по тројца новинари, со ментори ќе работат на својата приказна, а ќе добијат менторско водство и финансирање.
Темите на кои ќе треба да се создадат новинарските производи се: вработување на младите, родова еднаквост и родово-засновани проблеми, миграции, животна средина, последици од пандемијата кај младите, локални политики и младите, како и младински активизам.
За програмата може да конкурираат новинари на возраст од 21 до 30 години од Западен Балкан, со добри познавања на англиски јазик.
Рокот за пријавување е 17 часот на 12 септември, а сите услови може да се видат тука.