fbpx

Брисел очекува без одложување да се избере собраниски претседател и нова влада

-

Европската комисија очекува да продолжат демократските процеси во Македонија, да се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова влада, соопшти денеска на прес-конференција портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање како ги коментираат случувањата во македонскиот парламент.

– Го следиме развојот на настаните и постојано говориме, повеќепати нагласивме дека мора да се почитуваат резултатите од последните парламентарни избори, сегашната несигурност мора да заврши и влада мора да се воспостави без понатамошно одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои – рече Коцинајчич.

Таа, исто така, потсети дека високата претставничка за надворешната полтика и безбедност, Федерика Могерини, и евокомесарот за проширување, Јоханес Хан, го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција и да го додели мандатот за формирање влада на парламентарното мнозинство.

– Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување – рече Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...