fbpx

Браната на реката Отиња во исчекување на владини пари

-

Нов почеток на деценискиот проект за Штип означи неодамнешната јавна расправа за изградбата на брана на реката Отиња. Предизборното ветување на градоначалникот од СДСМ, Благој Бочварски, се очекува да почне да се реализира на крајот од неговиот мандат.

Браната, наменета за рекреација, туризам, заштита од поплави, водоснабдување и влијание врз климатските услови, ќе биде адутот во кампањата за следните локални избори. Проектот вреден седум милиони евра, ќе го финансира Владата, со учество на Општина Штип.

Во минатото оваа брана беше главно ветување на речиси сите градоначалници. Меѓутоа, најмногу што до сега се стигнало е проект на хартија од 2002 година, изработен од Градежниот институт.

На јавната расправа градоначалникот Бочварски информира дека работите значително се поместени. Ревидиран е и изработен основен идеен проект, кој е во фаза на печатење, а се работи на промена на Деталниот урбанистички план. Општината подготвува ребаланс на општинскиот буџет за почетните работи, планирани најрано за крајот на оваа година.

-Ние имаме и тендерски постапки, најверојатно ќе бидат меѓународни, бидејќи инвестиционата сума е голема, и сите тие рокови ќе бидат подолги. Оптимистичка проценка е дека стартот на изградбата би бил в ноември или декември, но, најсигурно е почетокот на наредната година – вели Бочварски.

Проектот е за насипна брана, со капацитет од три милиони кубни метри вода. Езерото што би се формирало би било со длабочина од најмалку пет метри. Се работи и на студијата за животна средина којшто е во финална фаза, по што се очекува комплет документација, која ќе оди на одобрување во Министерство за транспорт и врски.

Дел од граѓаните на јавната расправа се интересираа дали ќе се земе во предвид фактичката состојба, односно изградените викендички. Од Општината соопштија дека е планирана зелена рекреативна зона со простор за домување.

За браната на Отиња се зборува веќе 40 години. Штипјани, заедно со жителите на соседната општина Карбинци, кои некогаш беа единствена административна целина, заедно собираа пари преку самопридонес за една друга брана – на Козјачка река. Штип нема брана, нема позначаен рекреативен простор и дамнешна е идејата да се изгради. Собраните пари од самопридонесот, повеќе од два милиони евра, останаа неискористени. Стојат на засебна сметка и без идеја како да се искористат.

Од општината Штип на прашањето на „Мета“ соопштија дека овие пари не ги планираат.

„Тие пари можат само преку референдум да се пренаменуваат бидејќи се за водоснабдување“, одговорија од Општина Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...