fbpx

Бориславова: Бугарски политичари, аналитичари и јавни личности земаат по 4.000 лева директно од Москва

-

Бугарските безбедносни служби имаат информации дека наши политичари, општествени дејци, аналитичари и други јавни личности добиваат пари директно од руската држава за да го формираат јавното мислење во корист на тезите поволни за Руската Федерација, порача Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарската влада во интервју за радиото „Дарик“, пренесува „Сега“.

„Има ковачи на јавното мислење што учествуваат во дебати и излегуваат лично во националниот етер. И тука, за жал, она што го гледаме и што во февруари беше утврдено, е дека има такви говорници што добиваат пари, вклучително и од руската држава, општественици и политички говорници… 4.000 лева месечно е цената на таков говорник. Тие, потоа припадници на службите што даваат информации на политичарите што всушност се случува, како и некои политичари“, рече Бориславова.

Инаку, Градското обвинителство Софија ја ставило Бориславова под истражни дејствија под сомнеж за склучена неповолна зделка, но не е изготвена кривична пријава, извести mediapool.bg.

Повод за истрагата, како што пренесува бугарскиот електронски медиум, е договор за правни услуги склучен меѓу Бугарската банка за развој и адвокатска канцеларија во која Бориславова работела пред да влезе во политиката. Договорот е склучен на 1 јули 2021 година со адвокатско друштво „Џингов, Гугински, Ќучуков и Величков“ за месечен надомест од 13.690 лева без ДДВ. Во тој договор Лена Бориславова е посочена како лице за контакт, а во тој момент, таа немала функција во извршната власт. Договорот е раскинат три месеци подоцна, кога Бориславова влегува во политиката со „Продолжуваме со промената“, владејачката партија во Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...