fbpx

Битиќи најави нови 500 работни места за граѓаните од Пелагонискиот регион

Битиќи рече дека Бреинчајлд Продукција планира инвестиција од 11,5 милиони евра, која ќе отвори 275 нови работи места во наредните пет години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат вкупно 530 вработувања

-

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ја посети компанијата Бреинчајлд Продукција која произведува спортска опрема наменета за водени спортови со ветер или поточно опрема која се користи за сурфање на водени површини.

Тој рече дека компанијата планира инвестиција од 11,5 милиони евра, која ќе отвори 275 нови работи места во наредните пет години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат вкупно 530 вработувања.

„Бреинчајлд планира основање на две нови компании, од кои една во делот на производство, а другата ќе биде фокусирана во активности на истражување и развој, со вкупна вредност на ивестициите од над 13,5 милиони евра“, рече Битиќи.

Фото: Влада на РСМ

Тој информираше дека во делот на истражувањето и развојот, Бреинчајлд планира инвестиција од 2 милиони евра, која ќе создаде 35 нови работни места, кои ќе дадат шанса на граѓаните од Пелагонискиот регион да го искористат и унапредат своето знаење низ работни процеси кои развиваат и креираат дополнителна конкурентска вредност на финалните производи.

„За реализација на инвестициите компанијата веќе има обезбедено градежни парцели во индустриската зона Жабени, а во моментов сме во фаза на подготовка на Договорите за државна помош согласно Законот за контрола на државна помош“, рече Битиќи.

Фото: Влада на РСМ

Ралф Хенинг Гросел, сопственик и менаџер на Брајнчајлд Продукција изјави дека нивната компанија изработува опрема за спортови на ветер од еколошки и одржливи материјали од најсовремени технологии, со производствени капацитети во разни држави вклучително и азискиот континент, но дека условите за компаниите, особено подршката на Владата за инвестициите биле пресудни да го преселат нивниот бизнис во Северна Македонија.

„Бидејќи нашиот главен пазар е во Европа, размислувавме да го донесеме нашето производство овде. Фактот што Северна Македонија е во срцето на Европа и поседува голем потенцијал во работна сила, но истовремено нуди и владина финансиска поддршка на инвестициите, беше многу ветувачки за нас, особено во плановите за изградба на нов производствен капацитет од 10 илјади метри квадратни“, изјави Гросел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...