Бил Гејтс објави дека има ковид-19, но со благи симптоми

Фото: Severin Nowacki World Economic Forum / CC BY-SA

Основачот на „Мајкрософт“, еден од најбогатите луѓе на планетава и филантроп, Бил Гејтс, кој и пред корона пандемијата беше посочуван во еден куп разноразни теории на заговор, што беа логично и успешно оспорени, објави дека направил тестирање и тоа покажало дека е позитивен на корона вирусот.

Гејтс на Твитер објави дека има благи симптоми, но според советите на експертите, ќе биде во изолација додека не оздрави.

 

Во текот на ковид-пандемијата Гејтс исто така беше обвинуван дека е еден од главните актери во „заговор да се истреби или строго да се контролира човештвото преку вештачки создадени вируси и разноразни штетни супстанци и нано-чипови во вакцините“. И ваквите неосновани обвинувања беа успешно оспорени и докажани како измислици.

Како дополнение на неговата објава за позитивниот ковид-тест, Гејтс на Твитер подоцна напиша дека е добро што е вакциниран и примил трета доза, изразувајќи подршка на денешната медицина заснована на докази.