Биенална изложба на фотографии – Фотоесеј со домашни и странски преставници

Фотоесеј: Silent Witnesses - Anton Tratnik, фото: мета.мк

Сношти во просториите на Националната Галеријa на Република Северна Македонија беше отворена втората биенална изложба на фотографии во организација на фото клубот „Елема“.

На изложбата можат да се избројат вкупно 45 фоторафии, припадници на фотографски есеи кои ги застапуваат 13 домашни, странски автори и членови на „Елема“.

Македонски фотографи чии дела се во склоп на настанот се: Кирил Штрков, Боро Рудиќ, Владимир Арсовски, Вацлав Лукиќ, Ана Андонова, Филип Лафазановски, Катја Штркова, Диме Данов и Роберто Брсакоски. Фотографската уметност на овогодиншното издание на фотоесеите за прв пат станува меѓународен настан чија чест на присуство ја имаат и Антон Тратник (Словенија), Алаин Личари (Франција), Александар Буџвац (Србија) и Величка Тодорова (Бугарија).

Фото: мета.мк

За официјалното отварање на изложата обраќање имаше претседателот на фотографскиот клуб „Елема“, Вацлав Лукиќ – Вац кој накратко зборуваше младите автори кои се дел од актуелната изложба и се заблагодари на сите присутни за посетата.

Куратор на изложбата е Маја Крстевска која во кратка изјава за Мета.мк го сподели своето искуство при работењето на изложбата.

„Фото клубот „Елема“ прв пат ја организира биеналната изложба Фотоесеј на меѓународно ниво. Оваа година бевме ограничени со просторот па затоа бројот на пријавени е стеснет и притоа беа избрани 45 фотографии на 9 домашни и 4 странски автори. Уметничкиот совет заседаваше на „Елема“ и во мое присуство се одлучуваше околу селекцискиот процес на финално избраните дела“, вели Маја, историчарка на уметност.

Таа истакна дека ова претставувало предизвик за сите вклучени бидејќи станува збор за интересен концепт, секој уметник треба да изработи фотоесеј од своите фотографски дела и да ги наслови.

 

Фото клубот „Елема“ е оформен во 1962 година од група студенти на Електротехничкиот и Машинскиот факултет во Скопје. Денес клубот е сѐ уште со седиште во просториите на факултетот, но претставува отворен клуб за сите заинтересирани фото љубители. Брои триесетина членови со различна возраст и професија, но со една заедничка љубов – фотографијата. Клубот претставува место каде почетниците и професионалните фотографи еднаш неделно се сретнуваат, разговараат за различни теми од области на фотографијата, вреднуваат и коментираат фотографии, си помагаат едни на други или едноставно се дружат. Членовите на клубот секоја година се претставуваат и во една од уметничките галерии во Скопје. Најпрестижната од сите изложби организирани од членовите на овој клуб е биеналето „Фотомедиа“ која се организира секоја втора година започнувајќи од 1988-та година. Од 1996 год. е под патронажа на FIAP (Интернационална федерација на фотографската уметност), а каталогот од последните четири изложби (2002, 2004, 2008 и 2010 година) е оценет со 5 ѕвезди од страна на FIAP, ставајќи ја со тоа „Фотомедиа 2008“, како една од 15те најпрестижни изложби во светот, кои ја добиле истата оценка.

Последователно, по одржување на биеналето на „Фотоесеј“ кое ќе биде отворено до 21-ви ноември, за две годни следува одржувањето на високо рангираната и голема изложба „Фотомедиа“.

Целиот проект е поддржан од Град Скопје.