fbpx

Бесплатни тестирања за ХИВ во Скопје во рамките на Европската недела

-

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на тестирање за ХИВ (22-29.11.2019), ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, организира неколку настани, во рамките на кои и ќе се врши бесплатно тестирање на заинтересираните за заразеност со ХИВ.

Одбележувањето на Европската недела на тестирање за ХИВ почнува вечерва, со настанот „Минус или плус – се живее со секој статус“ во соработка со здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, од 19 часот во кафе бар „Котур“ во Скопје.

Настанот е од отворен карактер, а ќе се состои од проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ и разговори околу нормализирање на разбирањето за ХИВ денес.

Бесплатните тестирања за ХИВ ќе се вршат секој работен ден почнувајќи од денеска до следниот петок, во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно, секој работен ден од 17 до 21 часот. За време на викендот бесплатните тестирања ќе се вршат од 11 до 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...