fbpx

Бејли и Орав: Во постојан контакт сме со партиите, очекуваме договор наскоро

-

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав изразуваат надеж дека наскоро партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе успеат да се договорат околу условите за одржување на изборите.

Двајцата амбасадори по средбата со претставници на политичките партии во Пржино рекоа дека состанокот поминал во конструктивна атмосфера.

– Со партиите имавме средби последните неколку недели и се надеваме дека во следните денови ќе имаме некаков напредок – изјави Бејли.

И евроамбасадорот Орав повтори дека со партиите имаат близок контакт, преговорите продолжуваат и се надева дека што поскоро ќе има договор.

Според Радмила Шекеринска, што поскоро мора да се обезбедат услови за да се одржат фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...